Кошарка

Девет минути за Антиќ во поразот од Вашингтон

Тимот на Перо Антиќ го забележа и деветиот пораз оваа сезона. Атланта Хокс загубија на гостувањето кај Вашингтон Визардс, а Антиќ одигра девет минути.

МЗТ потклекна пред Цибона

МЗТ Скопје прокоцка големо водство против Цибона и забележа нов пораз во АБА лигата. Хрватскиот шампион победи со 88:93.

Атланта ја прекина серијата порази

По серијата од три порази, кошаркарите на Атланта ја забележаа деветата победа оваа сезона совладувајќи го Далас со голем пресврт и неизвесна завршница.

Пијалокот на Кид вреди 50.000 долари

Џејсон Кид заработи казна за намерното истурање на пијалок на паркетот за време на натпревар.

Тактиката на Џејсон Кид

На 8,3 секунди до крајот на натпреварот помеѓу Бруклин и ЛА Лејкерс, тренерот на домаќините, Џејсон Кид повеќе нема тајм-аути, па смисли нова тактика за да добие неколку секунди за кои неговиот помошник го нацрта последниот напад.

Висок пораз на Атланта во Хјустон

Кошаркарите на Атланта без услугите на Перо Антиќ го забележаа третиот пораз во серија и загубија на гостувањето кај Хјустон Рокетс со 113:84.

Металците убедливо поразени во Израел

Кошаркарите на МЗТ Скопје сосема очекувано со пораз го завршија натпреварот од седмото коло во второто по ранг клупско европско кошаркарско натпреварување од израелскиот шампион Макаби Хаифа со 79:60.

Нов пораз на Атланта, шест поени за Антиќ

Кошаркарите на Атланта Хокс загубија од Орландо Меџик и го забележаа седмиот пораз по 15 одиграни натпревари.

Атланта и Антиќ загубија од Бостон

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа шестиот пораз во сезоната откако загубија на домашен терен од Бостон Селтикс со 87:94. Антиќ имаше учинок од само два поени.

МЗТ триумфално против босанскиот првак

По поразот во Задар, актуелниот македонски шампион стигна до четвртата победа во деветтото коло од Јадранска лига. Во „Борис Трајковски" поразен е стариот должник Игокеа со 90:85 кој минатата сезона два пати славеше над нашиот претставник во АБА лигата.

Детроит повторно на менито на Атланта

Втора победа на Атланта над Детроит за три дена. Овој пат „Јастребите" славеа на гостински терен и повторно без услугите на Перо Антиќ.

Да го носиме Перо на Ол Стар

За прв пат оваа сезона имаме Македонец во НБА лигата, па зошто да не го пратиме и на Ол стар натпреварот. Гласајте за Перо Антиќ!

Атланта го преслуша и Детроит

Кошаркарите на Атланта Хокс го победија Детроит со 93:85 и ја забележаа седмата победа по 12 одиграни натпревари. Антиќ одмораше на овој натпревар.

МЗТ е блиску до елиминација во Еврокупот

Актуелниот македонски шампион го забележа петтиот пораз во шестото коло од второто по ранг клупско кошаркарско натпреварување и со тоа најверојатно ќе се прости уште во првата фаза од европската сцена. И во реванш дуелот против Рига, претставникот од Летонија беше подобар противник и славеше со 70:77.

Рекордна ноќ на Антиќ против шампионот

Перо Антиќ го одигра најдобриот натпревар до сега во НБА. Тој постигна за него рекордни 12 поени против екипата на Мајами Хит на натпревар на кој Атланта го забележа и петтиот пораз оваа сезона.

Најдобрата навивачка збунка

Кошаркарите на Колумбија загубија два напади на многу глуп начин благодарение на трик од страна на навивачите на Мичиген Стејт.

Сам постигна 109 поени

Џек Тејлор, колеџ сензацијата од САД кој пред една година постигна 138 поени на еден натпревар, повторно запиша троцифрен број на поени.

Ризикот да си во прв ред

Некои луѓе плаќаат и по 15.000 долари за да седат во прв ред на кошаркарски натпревар за да можат подобро да ја почувствуваат акцијата, но некој може и премногу силно да ја почуствува.

Фалангата го освои Медисон Сквер Гарден

Перо Антиќ има огромна поддршка од Македонци на сите терени во НБА, а „Фалангата" посебно грмела во Њујорк на гостувањето на Атланта против Никси.

МЗТ задоцни со завршницата

По осум одиграни кола во Јадранската лига, македонскиот шампион е без победа на гостински терен. МЗТ доцна се разбуди и не успеа да направи целосен камбек во финишот на гостувањето кај Задар.

Атланта славеше, Антиќ одмораше

Џеф Тиг со рекордно издание во неговата кариера ја предводеше Атланта до победа против Филаделфија на натпревар на кој тренерот Баденхолцер повторно му даде одмор на Перо Антиќ.

Гинисов рекорд со шут од трибина

Членот на Харлем Глобтротерс,Тандер Лоу постави нов светскиот рекорд за кошаркарски поен од најголема далечина.

Што ако "Space Jam" беше вистински

Во нашето детство имаше и подобри филмчиња, но "Space Jam" со Мајкл Џордан и анимираните јунаци се уште ни будат најмногу носталгија. Токму затоа ESPN деновиве направи и цела документарна емисија во која поранешни играчи, тренери и новинари го анализираа натпреварот како да бил вистински.

Четири поени за Антиќ во поразот од Никси

Атланта Хокс го забележа четвртиот пораз по осум одиграни натпревари. Овој пат тие на домашен терен загубија од Њујорк Никс со 91:95.