Кошарка

Првите поени на син му на Леброн Џејмс во НБА, публиката го поздрави со овации

ЛА Лакерс изгуби од Кливленд Кавалирс 134-110. Леброн Џејмс имаше 26 поени, 6 скока и 3 асистенции за 29 минути на паркетот а Ентони Дејвис додаде 22 поени со 13 скока. Интересно на овој дуел во салата на Кливленд Кавалирс првите поени во регуларната сезона ги даде и Брони Џејмс кој забележа 2 поени (1/2 од игра), 2 асистенции и една украдена топка за 5 минути на терен. Гледачите во Кливленд, градот во чија близина е роден Леброн кој му донесе титула на овој клуб, го поздравија младиот Брони.

Има ли позиција од каде Лука не може да постигне кош?

Далас Маверикс ја совлада Минесота со 120:114, во реприза на минатогодишното финале од Источната конференција. Кајри Ирвинг постигна 35 поени, а Лука Дончиќ 24. Словенецот погоди само една тројка и тоа на една минута до крајот на мечот за +8, ама спектакуларна од кај логото на паркетот.

Лудорија од пас на Кампацо што ни камери не го ловат

Елегантниот Јоргос Барцокас успеа да го задржи европскиот шампион Реал Мадрид на само 69 поени и Олимпијакос со постигнати 79 поени славеше многу важен триумф во Евролигата. Главни творци на триумфот на Олимпијакос беа Саша Везенков со 23 поени, осум скока и две асистенции, Шакил МеКисик со 15 поени и девет скока и Томас Вокап со 12 поени и четири асистенции. Кај Реал Мадрид Марио Хезоња даде 15 поени со пет скока и четири асистенции, Габриел Дек додаде 12 поени а Факундо Кампацо имаше седум поени но и 10 асистенции од кои една беше лудорија.

Неверојатен трипл-дабл на Јокиќ каков што 62 години немало во НБА

Денвер Нагетс полека се буди од апатијата во која тимот западна веќе неколку недели. Нагетс ја започнаа сезоната со два воведни порази од Оклахома и ЛА Клиперс, но сега со два триуми го израмнија учинокот на 2-2. Прво го победија Торонто 127:125 а синоќа Бруклин после продолженија 144-129. Се знае кој беше играч број 1 на натпреварот.

Леброн веројатно го прави ова прв и последен пат во кариерата

Статистичарите во НБА извадија податок дека Леброн Џејмс ноќеска ја имал најлошата шутерска претстава во последните 17 години. Мечот го заврши со вкупно 11 поени, со шут 3/14, а во обид да го избегне поразот од Феникс, намерно го промаши второто слободно фрлање на 6 секунди до крај. Колку само лошо го направи тоа. Феникс Санс - Лос Анџелес Лејкерс, конечни 109:105.

Ново Јокиќ шоу со 40 поени, овој пат за победа на Денвер

Само два дена откако постигна 41 поен со рекордни 7 тројки во кариерата, Никола Јокиќ повторно растури, а Денвер Нагетс го забележа првиот триумф на третиот меч од новата НБА сезона.

Една позната разлика на Евролига и НБА

Познатиот блогер Виктор Влајиќ со ново врхунско видео. Ја опишува разликата меѓу тајм-аутите во европската кошарка - Евролига и НБА.

На вајарот да му се одземе и лиценца и да му се забрани работа

Не е прв а сигурно ни последен пат, ама во последно време многу статуи и вајарски фигури не изгледаат ни приближно слично како луѓето на кои се наменети. Како на пример онаа на легендарниот Двејн Вејд.

Кога духот на Кари ќе влезе во Јокиќ

Рекордни 41 поен во кариерата од кои 7 тројки, нешто што многу ретко се гледа од играч на позиција центар. Нишанот на Никола против Лос Анџелес Клиперс беше пуштен на најјако.

Рекорд на кариерата на Јокиќ, Денвер поразен

Кошаркарите на Денвер Нагетс го претрпеа и вториот пораз од стартот на новата сезона во НБА. Синоќа со 109:104 ги совлада Лос Анџелес Клиперс во меч во кој одново доминираше Никола Јокиќ без поддршка од своите соиграчи.

НБА со посебно видео ја најави сезоната број 10 на Јокиќ

МВП за сезоните 2021, 2022 и 2024, шампион и МВП во финалната серија во 2023-та. НБА лигата се потруди и направи атрактивен клип пред Никола Јокиќ да почне да им приредува ново кошаркарско шоу.

Како ли му успеа ова на Љуљ?

Реал Мадрид ја доби Црвена Ѕвезда во Евролигата убедливо со 95:72. Ветеранот Серхио Љуљ направи нешто кое се гледа еднаш на 10, а можеби и на 20 години.

Мајсторската асистенција на Дончиќ и интересната реакција пред да шутне Томпсон

Лука Дончиќ во голем стил ја стартуваше новата сезона во НБА, со 28 поени, 10 скока и 8 асистенции, за победа на Далас Маверикс над Сан Антонио Спарс со 120:109. Сите зборуваат за неговата феноменална асистенција без гледање и преку Вембањама, како и за начинот на кој реагираше откако му ја подаде на Клеј Томпсон. Се израдува на трите поени, уште пред да шутне четирикратниот НБА првак, кој го напушти Голден Стејт по 13 сезони.

Двојно задоволство е кога ќе го залепиш Јокиќ, па ќе ја забиеш брутално

Нови деца, нови генерации се редат во НБА лигата кои допрва се очекува да царуваат под кошевите. Внимавајте на центарот на Оклахома, Чет Холмгрен, генерација 2002. Втор пик на драфтот од пред две години, висок 216. Учинокот од ноќеска на првиот меч од новата сезона против шампионот од НБА 2023-та му е: 25 поени, 14 скока, 5 асистенции, 4 блокади, 2 украдени топки.

Како ја отвори новата НБА сезона Јокиќ? Се знае, со трипл дабл

Добар старт за Јокиќ, лош за тимот на Денвер кој со убедлив пораз на домашен терен ја почна новата сезона.

Детроит Пистонс со идентична аматерска грешка како Златибор

Новата сезона во НБА стартуваше со необичен и ретко виден кикс кој се случи на мечот меѓу Индијана и Детроит. На 8 минути до крајот на средбата, Пистонси во напад отидоа со 6 играчи, исто како Златибор пред неколку дена против Широки. Со таа разлика што во АБА 2 судиите заспаа и оставија играта да продолжи, а во НБА веднаш забележаа и ги казнија со техничка грешка.

Што нуди НБА за стрим на натпреварите?

Шоуто почнува. Новата сезона во НБА, 79-та по ред стартува на 22. октомври (вторник) и ќе трае до 13-ти април 2025-та (регуларна сезона). НБА пак ќе организира и по некој натпревар во арапските земји, а Ол-Стар мечот е закажан зљ 16-ти февруари 2025-та во Сан Франциско. Што нудат за преноси на натпреварите?

Љуљ од преку пола терен ја крена цела сала на нозе

Реал Мадрид полека ја крена формата по неколку воведни порази во сезоната. Славеше во Евролига против Панатинаикос па синоќа против Жирона во првенството победи 95-67. Кампацо, Таварес и Хезоња беа најефикасни со по 14 поени а ветеранот Серхио Љуљ даде 9 поени од кои и една луда тројка од своја половина.

Тренерот на Работнички срочи убави зборови на тајм аут

Работнички го загуби градското дерби против МЗТ Скопје во салата Кале со резултат 56:70. Еден од советите на стратегот на домашниот тим, Горан Самарџиев гласеше вака:

Најдобрата НБА екипа која остана без титула

Сакраменто Кингс 2002 е незаборавна приказна за која не можеше да се легне на време и да се стане на време за во школо. Кој гледал знае за што зборуваме. Не се заборава првата петорка, која гласеше вака: Владе Дивац, Предраг Стојаковиќ, Крис Вебер, Мајк Биби и Даг Кристи. Од клупа Хидо Туркоглу, Скот Поларт, Боби Џексон..,предводени од Рик Аделман.

Неверојатниот пресврт на Жалгирис за кој се зборува во Евролига

Уште долго ќе се зборува за неверојатниот подвиг кој го направи литвански Жалгирис на гостување кај Армани Олимпија Милано во Евролига. Литванците пред крајот од третиот период губеа со дури 27 разлика (64:37) а на крајот славеа 85:82. Ова е втор најголем пресврт во историјата на Евролига. Рекордот го држи Асеко Проком кој во 2012/2013 славеше со Монтепаски Сиена 95:88 иако губеше со 28 поени разлика.

Кошаркар на Барселона се заборави, па удри судијка по задникот

Кошаркарите на Барселона со 95:91 го совладаа Тенерифе во 3. коло од шпанската АЦБ лига а мечот го одбележа еден необичен момент. Обично кошаркарите при проаѓање, после досуден фаул или нешто друго, го потапкуваат судијата по раме или грб или задник. Ама кошаркарот на Барса Бризуела се подзаборави дека арбитар на мечот беше и женската судијка Јасмине Алкараз која во пролаз ја удри по задникот. Ненамерно.