Кошарка

Банани на колото

Студентската кошарка е многу популарна во САД, а завршницата кога се одлучува за новиот шампион е следена од милиони гледачи. Сега се уште се игра основниот дел од сезоната. На мечот Дрексел - Монмаут играле дури две продолженија а на крајот славел Монмаут 104-97. Главен играч кај победникот бил Медисон Дер со 40 поени, 5 скока и 4 асистенции. А бананите на вечерта ги има Мека.

Комесарот на НБА Силвер: „Натпреварите да се скратат на 40 минути“

Првиот човек на НБА лигата Адам Силвер откако ја презеде улогата започна да воведува некои новости во НБА системот кому му се закануваше пад на интерес. Силвер и соработниците заедно со клубовите донесоа неколку нови решенија за Ол-Стар натпреварите (додуше сите беа помалку бесмислени и не кренаа интерес).

Шеј Гилџес-Александер уфрли 52 поени

Лидерот на Западната конференција во НБА, Оклахома Тандер изгуби од Голден Стејт 116:109 и тоа е нивен само деветти пораз од почеток на сезоната. Лидерот на Оклахома Шеј Гилџес-Александер постигна дури 52 од 109 поени на неговиот тим. Имаше и четири асистенции а шутираше 14/23 од игра, 2/6 за три и 18/21 слободни фрлања.

Луда партија на Ентони Дејвис

Лос Анџелес Лејкерс го совлада Шарлот Хорнетс 112:107 а на овој натпревар Ентони Дејвис одново докажа зошто важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА. Дејвис постигна 42 поени (17/28 од игра и 8/10 слободни фрлања) и дури 23 скока. Ова е петти пат во кариерата на Ентони Дејвис тој да има 40+ поени и 20+ скока.

Вувузела падна од висина во Атланта, го извади Гобер од памет

Минесота Тимбервулвс славеше 100-92 против Атланта Хокс во натпревар во кој доминираа Ентони Едвардс со 23 поени, Џулиус Рандл со 20 поени и 8 скока и Руди Гобер со 18 поени и 10 скока. Токму високиот француски центар се извади од памет кога по еден напад од горе практично од кровот падна некој предмет налик на вувузела.

Јокиќ со рекордни пет забивања стигна до нов трипл-дабл

Трикратниот МВП во НБА кој има и еден шампионски прстен продолжува да доминира во најдобрата светска лига. Во поразот на неговиот Денвер Нагетс од Чикаго Булс 129:121, Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл, шести на последните 7 натпревари.

Реал Мадрид го испочитува големиот Дражен Далипагиќ

Откако по долго боледување во саботата во Белград почина големиот Држаен „Праја“ Далипагиќ, најдобар стрелец во историјата на Партизан, овој великан го испратија и многу други клубови. Родениот Мостарец освен за Партизан играше уште и за Венеција, Реал Мадрид, Удине и Верона.

Јокиќ: Мислам дека ова е најдобрата кошарка во мојот живот

„Мислам дека ова е најдобрата кошарка во мојот живот. Се чувствувам добро. Во форма сум. Топката влегува. Мислам дека можам да влијаам на играта на различни нивоа", вели Јокиќ кој доминираше против Сакраменто Кингс со петти трипл-дабл по ред, 20-ти оваа сезона, 150-ти во кариерата од регуларниот дел на сезоната или вкупно 168-ми, заедно со 18-те од плејофот.

Неверојатен кош на Никола Јокиќ и уште една страшна партија

Српскиот кошаркар го водеше својот Денвер Нагетс до нова победа, овојпат над Сакраменто Кингс со резултат 132:123 во нивната „Бол Арена“ во Колорадо. Никола направи чудо.

Еднаш и Обрадовиќ да одлепи на забивање

Кошаркарите на Партизан го добија Париз со 92:86 во 23. коло од Евролигата и сега имаат скор од 12 победи и 11 порази. Внимавајте на реакцијата на Жељко Обрадовиќ по забивањето на Карлик Џоунс. Ги изненади сите.

Специјален појас од Шек за Јокиќ

Шекил О`Онил и Никола Јокиќ имаат посебна конекција, а тоа се должи на респектот на легендарниот центар, кој го има кон актуелниот легендарен центар кој дроби во НБА. Му подготвил изненадување кое рече дека ќе му го прати.

Игра за Партизан, а не знае кај се наоѓа Белград

Запознајте го 27 годишниот Американец, Тирик Џонс кој има играно во Јужна Кореја, Израел, Италија, Турција, а од лани настапува во Србија. Знаете ли некој појак од него во географија?

Четврти трипл-дабл по ред на Јокиќ кој изведе и аут со глава

Лидерот на Денвер Нагетс го запиша својот 18-ти трипл-дабл сезонава откако синоќа убедливо ја растурија Филаделфија 144:109.

Ново шоу и 18-ти трипл-дабл на Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс на гости го совладаа Орландо Меџик 113:100 а јунак на гостите беше Никола Јокиќ кој до фантастични бројки стигна уште пред крајот на третата четвртина а во четврта не влезе во игра.

Како Најџел Хајс-Дејвис се справува со лудата атмосфера?

Американскиот кошаркар и лидер на Фенербахче, Најџел Хајс-Девис има неколку трофеи во Шпанија, Турција Литванија. Играше и во НБА лигата. За најлудиот амбиент во Евролигата, оној во белградска Арена вели дека имал одговор.

Џа Морант закуца преку Вембанјама

Мемфис Гризлис игра одлична сезона досега и веќе има 26 победи. Синоќа го совладаа Сан Антонио Спарс 129-115. Нивниот најдобар играч и најатрактивен дриблер и забивач во НБА Џа Морант (1.88 см) имаше 21 поен со 12 асистенции и 4 скока. Неговото забивање преку Виктор Вембанјама (2.21 см) е едно од најлудите сезонава во НБА.

Забивањето на сезоната е дело на Џејсон Татум

Актуелниот шампион на НБА, Бостон Селтикс загуби од Торонто со 110:97. Но барем може да се пофалат со најјакиот потег на мечот кој го направи Татум. Го искрши обрачот.

Никола Јокиќ постави нов рекорд, го надмина легендарниот Лери Бирд

Џамал Мареј блесна во триумфот на Денвер Нагетс против Далас Маверикс на гости во Тексас 118:99, втор против истиот ривал во само два дена. Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл и постави нов рекорд.

Што знае Џа Морант што е пола терен

Мемфис Гризлис изгуби 120-118 од Хјустон Рокетс но лидерот на „гризлите“ Џа Морант уште еднаш покажа зошто го сметаат за највешт дриблер после Дерик Роуз во НБА. Постигна 29 поени од кои и една луда тројка од пола терен на крајот од третиот период.

Како стои Вембанјама со бројки во НБА до 21 година?

Виктор Вембанјама на 4 јануари наполни 21 година. Беше избран за прв пик на драфтот во 2023-та и на негова возраст, после 100 одиграни натпревари и само втора сезона во НБА, има бајаги за фалење.

Јокиќ и Вестбрук станаа први соиграчи во НБА со трипл дабл на два меча

Денвер го совлада Бруклин со 124:105, натпревар на кој Никола Јокиќ и Расел Вестбрук станаа првите играчи од иста екипа кои успеале да остварат трипл дабл на повеќе од еден меч. 35 поени, 15 асистенции и 12 скока за Јокиќ за трипл дабл број 162 во кариерата. 25 поени, 11 скока и 10 асистенции за Вестбрук кој го запиша 214-от трипл дабл.

Се роди ли новиот Дражен Петровиќ?

Во Хрватска велат дека е роден наследниот на Дражен Петровиќ. Се вика Тони Гарма, има 14 години, а на 12 држел просек од 44 поени по натпревар. На Цибона и дал импозантни 73 поени. Чудо од дете.

Чарлс Баркли за Џордан, Коби и Леброн

„Никогаш не сум видел подобар кошаркар од Мајкл Џордан. Јас не го ставам Леброн ниту пред Коби. Разликата е во тоа што Леброн е добар дечко. Никој никогаш не го рекол тоа за Мајкл и Коби. Тие ќе те решат на терен и цело време ќе ти го кажуваат тоа. Леброн не е таков“, смета Баркли.