Атмосферата на евролигашкото дерби Црвена звезда - Жалгирис

Црвена звезда го победи лидерот на табелата во Евролига Жалгирис Каунас 88:79 и по триумфот над Фенербахче во Истанбул ја забележа и втората сезонска победа и сега има учинок 2-2. Во драматичен натпревар, најинтересен од стартот на сезонаа во Евролига, навивачите на Звезда во белградска „Арена“ направија супер атмосфера.

Ривалството меѓу Жалгирис и Црвена звезда започна пред неколку години. На еден натпревар во Каунас навивачите на литванскиот тим провокативно мавтаа со знамиња со грбот на НАТО алијансата и жестоко го исвиркаа белградскиот тим.

По избивањето на војната во Украина, Жалгирис ги принудуваше кошаркарите на Црвена звезда да држат парола со украинско знаме и натпис: 'Стоп на војната' што овие одбија со образложение дека не сакаат мешање политика и спорт:

На првиот следен натпревар во Белград навивачите на Црвена звезда возвратија со знамиња со прецртан грб на Нато и со руски знамиња, песни и симболика.

Така беше и синоќа во белградска Арена:

Што се однесува до драматичниот дуел, Џордан Нвора со 24 поени, 6 скока и дури 7 украдени топки беше најефикасен кај Звезда. Литванецот во редовите на српскиот клуб Монтејунас имаше 14 поени колку што постигна и Чима Монеке.

Кај Жалгирис кој уште е прв на табела со учинок 3 победи и 1 пораз, Буткевичиус и Маодо Ло беа први стрелци со по 14 поени а Силван Франсиско даде 14. Во следното коло Жалгирис игра против Олимпија Милано а Црвеа звезда муг остува на Реал Мадрид во 5. коло во петок.

 

 

 

15 октомври 2025 - 10:29