Нови магични асистенции на Никола Јокиќ и нов дабл-дабл

Српскиот репрезентативец стигна до рекордот на сезоната по стартот на НБА откако синоќа имаше 34 поени и дури 14 асистенции во победата на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс 130:124.

Јокиќ ја започна сезоната со четири трипл-дабл учиноци по ред и тој со Лука Дончиќ блескаат уште од самиот почеток на основниот дел од сезоната. Нагетс се сега на 4 победи и 2 порази од 6 натпревари. Дома немаат пораз, имаат три победи.

Никола за 36 минути минати на паркетот имаше 34 поени, 7 скока и дури 14 асистенции, со шут од игра 14/22 за 2 (64%), 4 украдени топки и 2 блокади.

Српскиот репрезентативец стигна до рекордот на сезоната по стартот на НБА откако синоќа имаше 34 поени и дури 14 асистенции во победата на Денвер Нагетс против Сакраменто Кингс 130:124.

Покрај него одлична вечер во триумфот против Кингс имаше и Кристијан Браун со 21 поен. Кај Сакраменто Кингс се разигра нивниот доскорешен играч, ветеранот Расел Вестбрук кој постигна 26 поени и имаше 12 скока. Дури седуммина кошаркари на „кралевите“ имаа двоцифрен број поени.

4 ноември 2025 - 08:27