Студен како киевска зима пред голманите, Шева ги освои срцата на милиони и милиони миланисти. Од едно селце со 390 жители стигна до врвот на Европа и Златната топка за најдобар стрелец на континентот.
Иако уште една година не смее да потпишува договори, агентите на Донарума и раководството Милан имале средба за да ја осигураат иднината на малолетниот голман кој стана првотимец на Сан Сиро.
Каталонците вечерва му гостуваат на Рајо Ваљекано. Едно потсетување од 2002 година, што го снајде голманот на Рајо кога се обиде да исфрли една топка со глава во полето каде игра Чави.
По воведните 1, 2 и 3 сеќавања на фудбалот од минатото, продолжуваме со 4-та епизода носталгичен фудбал во која се Сидорф и Давидс како младинци на Ајакс, Биелса како шампион на Аргентина и други занимливи фотографии.
32-годишниот голман на Малага, Камерунецот Идрис Камени направи неверојатна глупост откако сам пикна една нафрлена топка во својот гол. Неговата постапка чуди уште повеќе затоа што неговиот тим водеше 1:0 против Валенсија, а на крајот загуби 1:2.
Магичната формула на Лестер и тајната на нивниот успех е тоа што тие успеваат да го натераат противникот да игра сам против себе. Клучот во тоа е трансформацијата напад – одбрана, каде што по губењето на топката неверојатно брзо на противничката половина се формира одбранбена формација.
„Во Италија полиција нè чуваше во соблекувалните доцна во ноќта затоа што не беше безбедно да си одиме дома после натпреварите. Овде можам комотно да шетам без никој да ме препознае“, вели Професорот чијшто дрес е меѓу најпродаваните во САД.
Легендарниот хрватски тренер кој ја водеше Хрватска од 1994-та до 2000 година со која го освои историското трето место на СП 1998, секогаш има материјал со анегдоти. Најновата му е од времето кога им беше селектор.
Одењето на тренинг за фудбалерите на Интер Запрешиќ е секојдневно патешествие. Поради лошите временски услови нивниот терен во Запрешиќ е цел со кал и затоа мора секој ден со сплав да ја минуваат Сава и да тренираат во соседното место Медсаве. Несторовски е прв стрелец во хрватското првенство со 15 голови, а од наредната сезона ќе му прави друштво на Трајковски во Палермо.
Велшанецот дебитирал за Јунајтед на 2. март 1991 година против Евертон на Олд Трафорд. Во следните 24 години освои 11 титули во Премиер лигата, 4 ФА Купа и 2 трофеи во Лигата на шампионите. Го држи рекордот по бројот на настапи за еден англиски тим. За Велс играше 67 натпревари и се повлече во 2007. година од репрезентацијата. Во моментов му е прв помошник на Ван Гал во Јунајтед.
Во младинската лига на БиХ на мечот меѓу Зрински и Олимпик Сараево за малку не дошло до трагедија по еден дуел на теренот. Линискиот судија спасил живот на фудбалер.
Човекот кој го одбележа Мундијалот во Италија ’90-та играше во неколку француски клубови, а неговиот необичен танц при прославата на головите ден денес е инспирација за многу фудбалери.
Југопапир е страна која што се занимава со пронаоѓање и обработка на стари вредни исечоци од весници. Нам во око ни падна рубриката од А до Ш во која детали за себе открива младиот Драган Џајиќ.
Фудбалерите на Тотенхем беа фаворити против Свонси за зачувување на врвот на табелата, но на полувреме губеа и потоа се мачеа за пресврт. Тие што ја гледале и ја чекале кец, сигурно го колнеле Лукас Фабијански.
Од 1993 година кога Купот на шампиони смени име и систем на натпреварување, ниту еден клуб не го освоил овој Куп два пати по ред и тоа е единствен случај во светот на спортот.
Да, ова е најголемата жртва за спасување аут и ова е теренот кој заслужува трева бидејќи на децава очигледно им се игра фудбал штом гинат за вакви топки.
Кога Ибра се пресели во Париз за да игра во ПСЖ, прашањето околу сметувањето го реши со месечна кирија од 30.000 евра во стан од 600 квадрати. Но кога моќниот менаџер го видел за прв пат, му рекол прибери тоа поршето и златниот часовник и земи да тренираш асално бидејќи имаш очајна статистика.
Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња им даваше голови на Оливер Кан, на Тафарел и на Шмајхел и како четирикратен најдобар стрелец во југословенската лига замина во големиот Интер. Но таму не му тргна како што очекуваше.
Ударот од 11 метри на Барса против Селта мина успешно во Бахреин, па неуспешно во Зимбабве. Третиот обид на копи паст пеналот им успеа на двајца браќа од Аргентина кои играат по пониските лиги.
Во ситуација кога Барселона му бега на Реал Мадрид 12 бода на табела, тогаш нешто не е во ред во редовите на Кралскиот клуб. Марка ги анализираше изјавите на Роналдо кој ги посочува кривците кога на тимот не му оди.