Во 2009-та го замени Сколари и со Челси го освои ФА купот и стигна до полуфинале во ЛШ. Сега одново добива шанса да го врати Челси во форма, но од 15-та позиција во Премиер лигата. 69 годишниот Хидинг има големо искуство и пет селекторски авантури.
Од Бразил до Индија и Холандија пет фудбалери завршија зад решетки во последниве денови: Билика од Венеција, поранешниот играч на Сити Елано, како и Холанѓаните Ѕот и Лестиен од ПСВ и Тете од Ајакс.
Се играше првиот меч од полуфиналето на ЛШ. За Јуве против Монако тогаш настапија Перуци, Ди Ливио, Јулиано, Дешамп, Зизу, Давидс, Песото... Од друга страна играа Трезеге и Анри, а мечот заврши 4-1. Го реши Алекс со хет-трик.
На денешен ден пред точно 9 години, Пол Сколс на Вила Парк против Астон Вила го постигна еден од најубавите голови во историјата на Премиер лигата. По тој повод Премиер лигата на потесетува на целата листа со најатрактивни голови за декември 2006-та. Уживање е, ги има и Лампард, Дрогба, Есиен, Ван Перси...
За време на 1-минутното молчење пред некој спортски настан, судиите и играчите стојат едни до други на средината во знак на сеќавање на одредени поединци. Во фудбалската историја постојат неколку средби на кои 1-минутниот молк не бил баш таков.
Голманот на Јужна Африка, Итумеленг Куне објави две видеа од еден фудбалски терен или обид за фудбалски терен. Позитивно на видеата е еден мангуп кој им продава стварно добри финти на противниците. Го има и него на Инстаграм со уште такви видеа, а вистинското име му е Sibusiso Msibi и има 21 година.
Џо Феган кој ја освои тројната круна со „Црвените“ и на кои за последен пат им беше тренер на Хејсел трагедијата, му остана уште светската титула. Но за тоа требаше да го совладаат еден од најдобрите тимови од Јужна Америка и да срушат мизерни рекорди на англиските екипи во тоа натпреварување.
Тренерот на Милан решил со брат му Дражен и кумот Мирослав Тањга да го посети родното Борово, крај Вуковар во Хрватска каде влегол камуфлиран и заплакал на куќниот праг.
16 најнеобични цитати на човекот со фластер на лицето, кој се соочува со сериозни обвинувања за корупција и примање мито за организација на СП во Катар.
Омар Гонзалес (27) синоќа го комплетираше трансферот од Лос Анџелес Галакси во мексиканската Пачука, а на промоцијата се појави облечен како Дарт Вејдер од филмскиот хит Војна на Ѕвездите. Чисто да ја разбие монотонијата на: Уште како мал сонував да го облечам овој дрес.
Голманот на Арсенал често си прави мерак на бубњеви и во пресрет на католичкиот божиќ сними видео како дел од една хуманитарна акција на Арсенал. Фудбалерот на Рома доби црвен против Џенова и полета за БиХ.
На денешен ден, во 2003. година, Павел Недвед ја доби Златната топка за најдобар фудбалер на светот во избор на селектори и капитени на репрезентации. Чехот во моментов е потпретседател на Јувентус.
Французинот е стручен коментатор во емисијата Monday night football (фудбалска понеделничка вечер) на Скај Спорт. Вчера раскажуваше што значи слобода во играта на новиот светски клупски шампион.
Мехмет Дарименчи, играч на аматерскиот клуб Даликаспор прво го шутна ривалот, а потоа додека овој лежеше на земја го рогна во глава. Малку фалеше ситуацијата да ескалира на теренот, но соиграчите на повредениот Кајкан Каракаш беа прибрани.
Од проблемите со Тевез и Балотели во Манчестер Сити, до тензијата со Пабло Освалдо во јануари годинава, Роберто Манчини покажа дека е тренер кој нема многу трпение со играчите кои не го слушаат.
Минатиот месец излезе за него документарец во кој се зборуваше за неговиот живот со син му, како и поврзаноста со мајка му, брат му и агентот Хорхе Мендес. Денеска на Твитер се појави видео со куса прошетка во неговиот дом во Мадрид, каде ќе ве води токму најдобриот фудбалер според ФИФА за 2014-та.
По Ница и Марсеј, редот му дојде на Лил, градот во непосредна близина на белгиската граница кој ќе биде домаќин на шест мечеви од групата во која ќе играат Англија, Словачка, Русија и Велс и два од нокаут фазата.
Возбудата во Германија кога Пеп Гвардиола беше именуван за нов тренер на Баерн Минхен беше опиплива. Брендот од Бундеслигата двојно се зголеми преку ноќ, а социјалните мрежи експлодираа со шпански хаштаг, откако Баерн Минхен по тројната круна за нов тренер го назначи најдобриот во светот.
Во историјата на фудбалот има фудбалери кои освоија многу трофеи, а повредите ги спречија да направат уште повеќе. Таков беше Холанѓанецот Марк Овермарс кој играше во Ајакс, Арсенал и Барселона.
Меси постигнал 24 гола на 26 финалиња и со една таква статистика, Барселона ретко губи во финале. Сезонава освоија 5 од вкупно можни 6 трофеи. Тоа се: Ла Лига, Лига на шампиони, Копа дел Реј, Супер Куп на УЕФА, Светско клупско првенство.