Фудбал

Червените живеат

Во новата епизода, Копа 90 раскажува за најтрофејниот бугарски клуб ЦСКА Софија, кој поради лошото раководење за малку ќе згаснеше. Червените не добија лиценца за настап во првата лига и решија да тргнат од нула. Сезоната 2015/2016 ја почнаа во третата лига, со целосно изменет состав и стручен штаб, но и со 15.000 гледачи секое коло на трибините. По првите 16 кола, ЦСКА има 16 победи, 65 дадени голови и само еден примен.

Зошто кај корнер знаменцето на Атлетико секогаш има цвеќе?

На стадионот Висенте Калдерон во Мадрид, речиси две децении, секој викенд кај едното корнер знаменце се положува цвеќе како благодарност до човекот кој му ја донесе последната двојна круна на клубот во 1996. година.

8 години суспензија за Блатер и Платини

Етичкиот комитет на ФИФА ја одреди суспензијата за првите луѓе на ФИФА и УЕФА и ги исфрли од фудбалот до 2023 година.

Барселона е светски клупски шампион

Меси еден и Суарез два гола, доволно за убедлив триумф на Барселона од 3:0 (1:0) против Ривер Плата на стадионот Јокохама во Токио.

Мистеријата со украдениот пехар за Светско првенство

На 19 декември 1983. година бил украден златниот трофеј наменет за освојувачот на Светското првенство, тогашен Куп на Жил Риме, првиот претседател на ФИФА.

Како Здравко Мамиќ излегува од затвор

Откако помина нешто помалку од еден месец во истражниот притвор, Здравко Мамиќ излезе по плаќањето кауција. По неколку кратки изјави за новинарите, Здравко тргна кон автомобилот каде со песна го пречекаа еуфоричните вработени во фудбалскиот клуб Динамо Загреб.

Светскиот рекорд на Интер

Рекордот се состои во тоа што ниту еден Италијанец од италијанскиот клуб, не успеал да постигне гол една година.

Најславните 10 изјави на Жозе Мурињо

Шоу на прес конференции, напад на противниците, остри шеги: еве ги најпознатите настапи на Португалецот во 15 годишната кариера во Леирија, Порто, Интер, Реал Мадрид и Челси.

Деби голот на Касано во Серија А кој не се заборава

Бари - Интер 1:1, две минути до крај. 17 годишниот Касано прима топка од 50 метри и тоа со петица, па на глава и ги проаѓа Блан и Панучи за голема победа од 2:1 и делириум на стадион Свети Никола. Коментаторот: Касано не е свесен што направи. Потоа со години го носеше прекарот „Талентот на Бари“. Мечот се одигра на 18 декември, 1999-та.

Четири потписи за иднината до 2021 година

Навивачите на Баерн Минхен добија новогодишен подарок кој се вика: Томас Милер, Жером Боатенг, Хави Мартинез и Чави Алонсо, а тие добија плати со кои може да кажат: „збогум сиромаштијо, ќе има и за внуците“.

Необична изведба на Џинг Белс во Дортмунд

Шинџи Кагава, Марко Ројс, Обамејанг и Аднан Јанузај шутираа топки во ѕвона во затворен простор и на тој начин ја исполнија најпознатата Божиќна мелодија, во пресрет на Божиќ.

Како помина најлошата сезона во животот Мурињо

Водич на сезонското патешествие на тренерот кој во мај го крена шампионскиот трофеј, а вчера попладне беше сменет од клупата на Челси.

Врвот и падот на славниот руски фудбалер кој бил мета на КГБ

Москва е пред сè град на срушени сонови и корумпирани утопии. Место на мистичен и мрачен очај. На 20 години си државен првак, на 25 вицешампион на Европа, на 27 четврти во свет, а на 40 просјак без денар во џеб кој моли за голтка вотка.

Шут у дупе на баварски начин

Фудбалерите на Баерн Минхен се толку доминантни во Бундеслигата и германскиот Куп што може да си дозволат на тренинзите понекогаш да ја играат и омилената маалска игра на секое дете.

Кога ќе излезеш еден на еден со голман

Секој напаѓач најмногу на свет ги сака ситуацииите еден на еден со голманот. Некој се решава да шутира од прва, некој го дрибла голманот, а некој од страв знае да се сплетка. Постои еден ризичен дриблинг кој е многу атрактивен.

Што бидна со новиот Зинедин Зидан?

Некогаш важеше за најдобриот плејмејкер во Европа, го споредуваа со Зидан, но на крајот му засметаа миланските светла, стана подложен на тешки повреди и кариерата не ги исполни очекувањата.

Второлигашки гол во стилот на Барса

Ова не се вежба, туку треба коцките да ти се вклопат и да знаеш со петица, нормално. Им успеа на фудбалерите на Ридинг на гостувањето против Хал.

Разликата меѓу Челси и Меси

Челси: 110 години, 25 трофеи. Лионел Меси: 28 години, 26 трофеи.

Манчестер и Челси го избркаа најдоброто

Навивачите на овие два клуба се незадоволни, а има и зошто откако ќе видите каков тим може да се состави од играчите кои ги продадоа во последните 18 месеци.