Фудбал

Ова ако влезеше, Рим ќе гореше

Римското дерби е натпреварот за кој градот живее цела година, а синоќешните 0:0 се доказ дека и двете екипи се плашеа од пораз. Имаат идентичен број на бодови и се во пеколна битка за место во топ 4. Последните секунди истекуваа, а Сергеј Милинковиќ Савиќ се обиде како на кошарка. Срце им застана на Лацијалите.

Како после да не го сакаш Питер Крауч?

Високиот центарфор е еден од ретките играчи на Островот кого го сакаат сите без разлика на навивачките определби.

Шампионскиот викенд на Манчестер Сити, ПСЖ и ПСВ

Додека Порто и Бенфика се бркаат со 2 бода предност, во Турција четири екипи очи ќе си извадат за титула, а во Шпанија и Италија работите се скоро јасни, во Премиер лига и Лига 1 веќе се славеше.

Ни Буфон не е цвеќе за мирисање

Иако во сите делови од светот важи за чудотворец на голот, во својата родна земја Џанлуиџи Буфон има гревови кои му ги паметат претежно ривалските навивачи но и педантните новинари.

Чудесната одбрана на Донарума во 92-ра минута

Аркадиуш Милик ги имаше трите гостински бодови во раце на гостувањето на Сан Сиро, ама кога на голот на Милан стои 19 годишниот Донарума сè е подруго. Како ли му ја фати од толку блиску, па ова може да е крај за надежите на Наполи за титула, бидејќи Јуве им избега на +6.

Мечка отвори натпревар во трета руска лига

На меч од 27. коло во руската трета лига меѓу Машук-КМВ и Ангушт една мечка му ја додаде топката на судијата пред стартот.

Нов гол на Ибра во САД

По двата гола на своето деби за Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ го постигна и првиот гол како стартер на гостувањето против Чикаго Фајер.

Фудбалерот кој на сред натпревар се претвори во гледач

По стотици и стотици занимливи зезалици на нашиот сајт, конечно нешто ново и најлудо на свет. Во романската втора лига играчот кој стана стрелец истовремено влезе во улога и на навивач кој го прослави голот на играчот. Епа како? Епа така.

Гол од корнер за три бода на гости

Ние ги имаме Артим Шаќири и Наташа Андонова, а Лудогорец го има Клаудио Кешеру кој на само 7 минути до крајот на гостувањето против Левски Софија упати страшна топка со левица директ во гол. Какво нафрлање, има да ја свиткам на втора.

Ристовски и Торес, некогаш и сега

Бекот на македонската репрезентација лани направи голем трансфер од Ријека во Спортинг, кој важи за еден од трите најславни португалски екипи со 47 трофеи. Тоа му ги отвори вратите да заигра и на европска сцена каде стигна до топ 8 и да ги чува славните напаѓачи од кои до “вчера“ трчал за автограм или фотка.

Римската волчица против Ливерпул, Реал - Баерн!

Фудбалерите на Рома ќе имаат шанса да му се одмаздат на Ливерпул за поразот во финалето на „Олимпико“ во 1984, а Реал и Баерн ќе се судрат во епскиот класик.

Арсенал и Атлетико Мадрид на мегдан во полуфинале

Ждрепката во Нион сакаше во полуфиналето од Лига Европа да гледаме финале пред финалето.

Со трагичен автогол им подари титула

Аргентинскиот дефанзивец Сантијаго Гарсија од Толука е двојно поголем лузер од играчите на Барса и Јуве оваа недела. Во финале на таканареченото мексиканско првенство Clausura 2018 Copa MX успеа на најлош можен начин да си го измами голманот со автогол вреден титула за Неказа. И тоа пазете на 5 минути до крај.

Новост во FIFA 2018 за судијата на Реал - Јуве

Не знаеме само дали ќе може да се изведе на R1 и триаголник или на икс со L2.

Италијански новинар доби црвен картон на Бернабеу

Џорџо Кјелини не бил единствениот кој решил да ги провоцира мадридистите дека со мито ја завршија работата во четвртфинале. Познатиот новинар и водител на Медиасет, Мино Тавери им извади банкота на навивачите на Реал, а обезбедување го отстрани од трибина бидејќи можеше да дојде и до тепачка.

Рома продава карти за полуфинале против Ливерпул

Римјаните направија огромна сензација во ЛШ против Барселона и делуваат некако нестрпливи за ждрепката, па сами си го избраа следниот противник кој можеби и го посакуваат.

Најсмешниот досуден пенал во финале на ЛШ

Доста беа кавги и анализи за пеналот на дуелот меѓу Реал и Јуве. Во 1960-та година во финале се сретнаа Реал и Ајнтрахт Франкфурт конечни 7:3. Четири гола даде Ди Стефано и уште три Пушкаш. За пеналот како да ви кажеме...Работава не примам цивки.

И тренерот на Фиорентина го истетовира бројот на Давиде Астори

Капитенот на Фиорентина Давиде Астори го пронајдоа мртов во хотелот La di Moret при гостувањето на екипата во Удине. Причина за смртта била брадиаритмија. Давиде почина на 4. март. По неговата смрт неколку играчи на Фиорентина го истетовираа неговото име а сега тоа го стори и тренерот Стефано Пиоли.

Нов рекорд во Лига Европа: 3 гола за 247 секунди

Ваква фудбалска недела Европа не памети. На 16 четвртфинални натпревари паднаа неверојатни 55 гола (31 во Лига Европа и 24 во Лига на шампиони) или во просек 3.44 гола по натпревар! Салцбург дома на Лацио му даде 4 гола од кои 3 во само 247 секунди и тоа е нов рекорд во ЛЕ.

Лацио декласиран од Салцбург, Ристовски до пирова победа

Римјаните во само четири минути примија три гола и упропастија сè што макотрпно градеа цела сезона во Европа. Нашиот репрезентативен бек одигра одлични 79 минути во триумфот на Спортинг против Атлетико Мадрид.

Кој е судијата кој свирна пенал и го разгневи Буфон?

Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.

Најновите рекорди на Роналдо со помош на контроверзниот пенал

Спласнале или не импресиите од драмата, заслужија или не пенал во 93-та, Кристијано Роналдо продолжи да ја испишува историјата во Лигата на шампиони. Вака ако продолжи уште некоја година никој не стига во наредни 100 години.

Мал пад на Македонија на ФИФА ранг листата

По двете пријателски средби во Анталија на кои не успеа да забележи победа, македонската фудбалска репрезентација падна две места на рангот на ФИФА.

„Не знам што се чудите, лани на Баерн му се случи ова, сега нам“

Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.