Англија водеше 1:0 и секунди ја делеа од четвртфинале. Судијата беше спремен да свири крај кога Колумбија имаше корнер а во англискиот шеснаесетник дојде и голманот Оспина. Тоа беше последна шанса да се спаси натпреварот а Колумбија имаше фудбалер кој ги спаси. Високиот стопер Јери Мина го постигна третиот гол на Светското во Русија.
Првите два против Полска и Сенегал беа победнички.
Јери Мина минатата зима премина во Барселона од бразилски Палмеирас за 11,8 милиони евра, но на „Камп Ноу“ во првите шест месеци играше сосема малку - 5 меча во првенството, 1 во Купот на Шпанија. Можеби и очекувано зошто во срцето на одбраната на Барса се Пике и Умтити, репрезентативци на Шпанија и Франција.
За пола година во Барселона не доби шанса и дури пишуваа дека тренерот Ернесто Валверде сакал да го продаде или да го даде на позајмица за да ослободи место за играч надвор од Европска Унија (двете други места се за Кутињо и Паулињо).
Веднаш се јавиле заинтересирани: Борусија Дортмунд, Фенербахче и Бетис. Но после вакво Светско првенство ќе има многу поголеми клубови а и Каталонците тешко да го дадат сега.
Интересно, на својата промоција во Барселона, Колумбиецот пред очите на полната трибина на „Камп Ноу“ и пред многу новинари се соблекол бос и така излегол на терен кој подоцна го објаснил со цитат од Библијата.
👣 Savouring those first Camp Nou steps!
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 13, 2018
🏟 Yerry Mina explains his barefoot tradition: https://t.co/6ot6hDN1Oz
🔵🔴 #BeBarça #ForçaBarça pic.twitter.com/5UD0dqV89A
Јери Мина не ја покори каталонската публика но на Мундијалот ја однесе Колумбија до осминафиналето и скоро за малку во четвртфинале.
- Јери Мина стана првиот стопер од 1966 година кој дал три гола на едно Светско првенство. Таа година светски првак станала Англија.
- Првиот централен дефанзиве во историјата на Светските првенства кој дал три гола и сите од игра биле Германците Брајтнер во 1974-та и Андреас Бреме во 1990-та кои исто дале колку и Јери Мина но постигнувале голови и од пенал.
- Јери Мина е само втор играч во историјата на Колумбија кој давал гол на три меча по ред на Светско првенство (Хамез тоа го стори 2014-та во Бразил). Мина е втор Јужноамериканец кој дал три гола со глава на еден Мундијал уште од 1962 година (прв бил Бразилецот Вава).
- Мина е висок 195 сантиметри. Тој е највисокиот фудбалер во историјата на Барселона заедно со Златан Ибрахимовиќ. Воедно е и првиот Колумбиец што некогаш заиграл за Барса.
- Јери Мина веќе бил првак во три земји - Колумбија со Санта Фе во 2015, Бразил со Палмеирас во 2016 и Шпанија со Барселона во 2018.
- Мина почнал да брани на голот како татко му и дедо му, но еднаш пимил пет гола од пет шута и татко му му рекол да заигра во одбраната.
- За Колумбија дебитирал на 8 јуни 2016 година во Копа Америка против Парагвај. Од тогаш за репрезентацијата одиграл 15 меча и дал 6 гола.
- Името го добил во чест на најпознатото глувче на светот, она од цртаниот филм Том и Џери кој многу сакала да го гледа мајка му.