Карим синоќа со нов гол влезе на вечната листа стрелци кои давале гол во 16 сезони од Лига на шампиони. Таму е со неприкосновениот Лионел Меси. Синоќа Реал спаси жива глава против Борусија Менхенгладбах и после 2:0 извади 2:2.
Не паметиме ваков лош почеток на Реал Мадрид во ЛШ кој бележи пораз од Шахтјор и реми со Борусија Менхенгладбах, ама едвај на мускули откако син му на Турам им даде два. Атлетико, Ливерпул, Порто и Сити ја оправдаа фаворитската улога.
Лош старт на Интер по првите две кола во ЛШ на кои собраа само два бода, еден со Борусија дома и денеска со Шахтјор на гости. Барела и Лукаку го погодија дирекот, а Лаутаро Мартинез се изрезили од чиста позиција и го промаши цел гол.
Претседателот на каталонскиот гигант нема да оди до крај како што се предвидуваше откако група сосиоси ги собра потребните потписи, туку решава сам да се повлече и да го остави клубот во хаос.
Германскиот првак ја оправдува фаворитската улога во групата А со 6 бода на две средби. По убедливиот триумф над Атлетико, славеа 1:2 во Москва со головите на Горецка и Кимих кој напрви брилијантен потег. Шахтјор и Интер одиграа без голови.
Некогаш претставник на Холандија во еврокуповите, денес просечен холандски второлигаш, НАК Бреда, ај што изгуби 6-0 од Го Ахед Иглс, туку и ја имаше најкомичната ситуација на сезоната во Холандија, а и пошироко.
Ризаспор го совлада Сиваспор 0:2, а потегот на мечот го има Лоик Реми кој сезонава ги засили од Лил. Што ти е искуство, ги уништи со еден потег во стилот на Мбапе.
2006-та година, Реал Мадрид против Севиља 4:2. Гути смири една топка и направи потег со кој ги збуни сите, па дури и стрелецот на голот, Зинедин Зидан. Маестрална, импресивна и неповторлива асистенција.
Додека ние уште се бориме како да спречиме фудбал со циркузантски пенали и непостоечки голови и абер немаме еден ВАР да имплементираме, европскиот фудбал ни бега 100 години. Не само по квалитет, туку и со манирите.
Со Бјелса на клупа, Лидс Јунајтед е поинаков клуб, многу борбен, со строго одреден концепт на игра од која произлегува напаѓачи фудбал. Му одат на лидерот Астон Вила на гости кој тргна со 4 од 4 и го газат 0:3.
Додека зборуваше дека е свесен за работата и барањата што ги носат големите клубови, затоа што работел во неколку од нив, Жозе ги наброи Интер, Реал Мадрид и Челси, ама не го спомна Манчестер Јунајтед. Дали свесно или несвесно кој ќе знае.
Најдобриот англиски центарфор синоќа го спаси Тотнем да не прими гол во 71' минута и најверојатно да биде поразен од Барнли. После неколку минути на другата страна Сон постигна гол за важни три бода за Мурињо и Спарси.
По 12 изминати кола во македонскиот фудбалски шампионат, ФК Вардар има само 3 победи и е 9-ти на 10 бода зад лидерите Шкендија и Шкупи. Но резултатската криза не е нивниот најголемиот проблем.
Два против Болоња, два против Интер, два против Рома или поточно шест комада по пет кола во Серија А. Ибрахимовиќ дефинитивно ја живее својата втора младост, а синоќа му требаа само 105 секунди за да постигне нов гол на дуелот Милан - Рома 3:3.
Во Серија А викендов во еден момент на средбата Беневенто – Наполи беше 1:1, е стрелците и на двата гола се презиваат Инсиње. Ептен ретка коинциденција во фудбалот која во Италија се случува прв пат по 70 години. Помалиот се расплака.
На нисколигашки меч во Англија на терен влезе подобранец, малку поинаков од сите други. Ај да имаше сонце ќе го разберевме, ама вака е скроз непотребен.
Во последните 11 години наградата „Златна топка“ предизвикуваше бурни реакции. Супериорноста на Роналдо и Меси не беше баш секогаш така очигледна и се сведуваше на статистика и нивниот статус, а навивачите нудеа стотици други опции за играч на годината.
Зарем уште игра Џермејн Дефо? Да, има 38 години, две помалку од тренерот и е еден од ретките напаѓачи како Пандев и Ибра кои уште држат форма на тие години. Член е на Глазгов Ренџерс заедно со Хаџи, ама со син му на легендарниот Романец.
На 25 октомври 2015 година Синиша Михајловиќ реши да му даде шанса на 16-годишниот Џанлуиџи Донарума кој дебитираше за Милан во Серија А на мечот против Сасуоло (2:1). Од тогаш стана незаменлив голман на росонерите.
И покрај тоа што имаа предност од 3:1, Вардарци викендов прокоцкаа 3 бода против Ренова која извади реми 3:3 со гол во 90-та минута. Реномираниот сајт rezultati.com без кој не се може еден ден, си имаше други математики.
Николај Јоргенсен од Феенорд го постигна најсреќниот гол на колото. Асистенцијата тука е ферски да и се препише на стивата која му даде неприкосновен пас.
Верона поведе во Торино со 0-1 преку Андреа Фавили и беше на половина час од сензација, ама Дејан Кулушевски во 77' минута со убав гол во стил на Меси спречи бламажа и израмни на 1-1. Во секој случај уште една бледа партија на шампионот кој веќе подолго време е без Кристијано Роналдо.
Војводина продолжи со добрите игри во српската Супер лига. Синоќа со 0-2 го победија Златибор на гости, а ова што направи ветеранот Никола Дринчиќ беше нешто незапаметено досега.