Прекрасно видео од Камп Ноу снимено со дрон

Љубителите на шпанскиот фудбал веќе се зажелеа да гледаат Ла Лига. Барселона на пример на својот „Камп Ноу“ нема играно уште од 18 декември. После тоа имаа серија гостински мечеви, далечен пат до Саудиска Арабија за Суперкупот на Шпанија и одложен меч со Рајо Ваљекано. Ако е се според планот на 6 февруари Каталонците се враќаат во својот дом и тоа за дербито со Атлетико Мадрид.

За таа прилика, како што одамна навивачите на Барселона не ги гледале своите миленици на домашен терен, од клубот со дрон снимиле видео по „Камп Ноу“: по трибините, теренот, прес-центарот, соблекувалните. 

2 февруари 2022 - 12:26