Пандев одбра број во Парма кој го носеше во Интер пред 12 години

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ќе ја продолжи сезонава во второлигашот Парма. Бројот 19, омилен на Гоче веќе е зафатен во екипата, па легендата се одлучи за број со кој во Интер ги освои сите можни трофеи под водство на Мурињо.

Во италијанскиот фудбал во моментов е зимска пауза, а Пандев своето деби во седмиот италијански клуб во кариерата би требал да го има на 5. февруари од 14 часот кога Парма му гостува на четвртопласираниот Беневенто. 

1 февруари 2022 - 15:19