Лудиот голман на Аргентина кој прави циркус

Аргентина обезбеди пласман на Светско првенство а со селекторот Лионел Скалони имаат неверојатна серија од 29 меча без пораз во сите натпреварувања. На голот на гаучосите стандарден и незаменлив е голманот на Астон Вила, високиот Емилијано Мартинез кој секој меч прави некоја будалаштина.

Аргентинците ја победија Колумбија 1-0 со гол на Лаутаро Мартинез во 29’ минута а во последните секунди од мечот Колумбијците можеа да израмнат после една чудно одбиена топка. Голманот Мартинез се смееше за ризичната ситуација:

Емилијано Мартинез важи за многу непристоен голман. Лани во 2021-ва откако Аргентина ја совлада Колумбија на пенали во финале на Копа Америка, тој одбрани клучни пенали ама вулгарно гестикулираше поради што после мораше да се извинува.

Сега пак исто, против Колумбијците победата ја прослави со скокање со освоениот пехар од Копа Америка додека гостинскиот голман Камило Варгас даваше интервју и пак е на удар на јавноста:

Поплавен терен во Боливија и мајсторија на Алексис Санечез во Ла Паз

Кифлата на Кутињо за еврогол за Бразил

2 февруари 2022 - 09:42