Фудбал

Мусовски со убав гол го отвори, Карлос Вела го затвори дербито на Лос Анџелес

Некогаш ова дерби меѓу Лос Анџелес ФЦ и ЛА Галакси беше дуел на ѕверките Ибрахимовиќ и Карлос Вела, а сега е во знакот на нашиот Македонец Даниел Дан Мусовски (24).

Има пенал во фудбал и пенал во романски фудбал

Не е дека во Романија нема супер квалитетни млади таленти, не дека во романскиот фудбал нема интересни странци кои го креваат квалитетот на повисоко ниво, ама пак нешто кај нив не е во ред. Денес на мечот од втора романска лига меѓу Петролул Плоешти и Универзитатеа Крајова се свирна најсмешниот пенал сезонава таму.

Штиклата на Рамос како непробоен ѕид за Меси

Реал Мадрид ја уништи Барселона на „Камп Ноу“ со 1-3 а играч на мечот беше Серхио Рамос. Капитенот на Реал маестрално ги сопре сите напади на Барса, над него беше направен пенал кој самиот го реализира и одигра совршен меч.

Њукасл потпиша договор со мајстор кој мешал малтер

На препорака на најдобриот свој фудбалер Алан Сен-Максимен, Њукасл реши да потпише привремен договор со поранешен француски фудбалер кој цела година работел како мајстор со цигли.

Меси две и пол години не дал гол против Реал, Рамос е кралот на „Ел класико“

Реал Мадрид ја искористи слабата форма на Барселона и го казни обидот на Каталонците за висок пресинг. Рамос, Модриќ, Бензема и другарите го надоместија сензационалниот пораз од Кадиз на домашен терен и по 7 кола веќе се одлепија на +6 од најголемиот ривал во Ла Лига.

Поарно корејски хорор да гледаш, отколку корејски коментатори да слушаш

Јужна Кореа беше меѓу првите земји која реши да даде зелено светло за фудбал по почетокот на глобалната пандемија. Таму се одиграа 25-26 кола после кои клубот Инчеон ќе се бори за опстанок откако денес голманот ги спаси од испаѓање и ја сочува победата од 2-1 со луди одбрани во 88' минута од мечот со Бусан.

Пеп Гвардиола и Сити одамна не примиле таков гол

Мајкл Антонио го отвори резултатот на мечот против Сити на кој граѓаните на крај извлекоа бод (1:1) и се во долниот дел на табелата во Премиер лига. Неочекувани „полу-ножички“ на шпицот на Вест Хем.

Две ремек дека на брливиот Сасуоло

Има нешто посебно во оваа екипа на која во памет и е само да дава многу голови. Сезонава тераат исто како лани. Специја ја победија 1:4, Кротоне 4:1, Болоња 3:4 и по три ефикасни победи одиграа 3:3 на гости со Торино и тоа со два гола во 84-та и 85-та.

Што не кажа, Мурињо ќе ти ја кренеше пречката

Портимоненсе загуби 1:0 од Тондела во првиот меч викендов во португалскиот шампионат, а еден од фудбалерите на поразениот тим го загуби компасот пред гол и го изеде срамот.

Убавина од гол на колеџ во САД

Нема што да ја пимплам, да ја подавам или да влегувам во шеснаесетник. Абе кога ќе ми легне на прва, легната е. Голман џабе везеш.

Најдобриот шутер на планетава е од Ј.Африка и нејќеш да му браниш од далеку

Секоја чест на тоа што ни го оставија на Јутјуб Жунињо, Роналдо, Хулк и други такви ликови со катапулт ударци, ама ние му се поклонуваме на професор доктор Хломпо Кекана кој треба да држи часови по предметот „Како се шутира јако од далеку“.

Ова не е гол за награда Пушкаш, мајсторијава на Руф е за повеќе

Ренџерс ја отвори сезоната во Лига Европа со победа од 0-2 на гости кај Стандард Лиеж. Стивен Џерард од клупата беше сведок на еден гол каков што стварно многу ретко се гледа. Кемар Роф ја потврди победата со погодок за најавни шпици.

18 годишниот Азар vs 5 играчи на Џенова

22 октомври 2009-та, Лил против Џенова го Лига Европа. Домаќините на 2:0 во 74-та во игра го ставаат младиот Еден Азар. 10 минути подоцна ја прима на своја половина, тргнува со прва, потоа втора, трета, четврта и толку од акцијата.

Словенечки селектор со спартански методи - јавноста во Словенија запрепастена

Не им дава да слават голови, нема спиење во автобус, во хотел вратите да бидат отклучени и ред други работи поради кои младинците на Словенија барале тој да си оди. Ама човекот на 15 меча има само 2 порази.

Тренер од Милан му влезе на Ибра во линија

39 ги дувна месецов, а ако му успее на Милан планот за продолжување на договорт ќе игра на Сан Сиро до 41, како Паоло Малдини. Што ѕверотина ќе беше, погледнете што работи на тренинг.

Нов напредок на Македонија на ФИФА, ги поминавме Бугарија и Албанија

Едно ама вредно место скокна македонската фудбалска репрезентација. Убаво е чувството кога се поминуваат соседите кои едно време по 50 места ни бегаа и јаче.

Необично емотивен момент на најдобриот другар на Салах кој го реши Марсеј

Олимпијакос уште еднаш покажа дека дома е многу јак ривал, па во првото коло од новата сезона во ЛШ со 1:0 го совладаа Марсеј. Емотивен момент имаше стрелецот на голот од Египет.

А сувиот лист на 19 годишник од Салцбург?

Додека фокусот беше свртен во Мадрид, каде Шахтјор имаше на полувреме сензационални 0:3, синоќа возбудливо беше и во Австрија. Домаќините на крај на прво изведоа корнер и го бараа по земја извезен Доминик Собослаи кој се претвори во Жунињо.

Добар германски трол до домаќинот Интер

Лоша недела за Интер. Го загубија градското дерби и покрај тоа што се појаки на хартија, па се спасуваа од пораз против Борусија Менхенгладбах во 90-та, а сигурно планирале 3 бода. Гостите излегоа добри и на терен, а пред мечот и на Твитер, а тоа се разбира им годеше и на Росонерите.

Чудесниот пас после кој сите на Џузепе Меаца се држеа за глава

Синоќа во Лига на шампиони паднаа неколку преубави голови, а имаше и такви асистенции за кои нема логично објаснување. Флоријан Нојхаус, играчот на мечот Интер - Борусија Менхенгладбах (2:2) со хируршка асистенција во која испаднаа дури 6 играчи на Интер, го пронајде Јонас Хофман кој им донесе 1:2 во 84' минута.

Го нема Ван Дајк, ама го има ѕверов

Со автоголот на Таљафико во 35' минута, Ливерпул го преброди тешкото гостување во Амстердам и освои 3 бода на отворање на сезоната. Скоро цела недела со право жалеа за тешко повредениот Вирџил Ван Дајк, ама вчера го одмени Бразилецот кој игра во среден ред ама го вратија на стопер.

Проектилот на Алијанц за кој џабе се трудеше Облак

За гол на колото во Лига на шампиони може слободно да биде прогласен овој удар на Корентин Толисо испукан како од катапулт.

Лукаку го спаси Интер во 90-та, Баерн и Аталанта немилосрдни

Со автоголот на Таљафико, Ливерпул славеше 0:1 во Амстердам, резултат со кој победи и Олимпијакос дома во 91-ва минута над Марсеј. Сити го доби Порто со пресврт, а Баерн и Аталанта решетаа. Интер само 2:2 против Менхенгладбах.

Кое играчиште е овој Гомез, само за голчишта го бива

Нова сезона, нов импресивен старт на Аталанта која деби сезоната во ЛШ ја заокружи со сензационално четвртфинале. Еве ги повторно со експлозивен старт уште во првото коло против Митјиланд на гости, каде имаат 0:3 за само едно полувреме. Папу Гомез ја искина мрежата.