Договорот на најновото засилување на Ливерпул ќе има важност до 2027 година, а тој ќе заработува 90 илјади фунти неделно.
Потпис на договорот Диаз ставил во родната Колумбија каде деновиве игра со репрезентацијата во квалификациите за Светско првенство 2022. Процедурата за потпис на договорот не била нималку лесна. За да не се нарушат ковид правилата, лекарите на Ливерпул тргнале во Аргентина со цел таму фудбалерот да ги изврши медицинските прегледи и да го потпише договорот.
Јирген Клоп за тоа посебно им заблагодарил на фудбалските чиновници во Колумбија. Луис Диаз ќе го носи дресот со број 23.
Еден од најзаслужните за трансферот е Џулиан Ворд кој летово ќе стане нов спортски директор и ќе го замени легендарниот Мајкл Едвардс кој не го продолжил договорот зошто сакал нови предизвици.
Ворд неколку години работел како аналитичар во репрезентацијата на Португалија и бил главен скаут на Ливерпул за Шпанија и Португалија. Контактите кои ги имал му помогнале полесно да стигне до Колумбиецот а на рака им одело и тоа што Порто бил под многу сериозна закана од УЕФА поради кршење на финансискиот фер плеј. Порто бил под закана на три години да биде исфрлен од еврокуповите доколку до 31 јануари не ги израмни сметките.
И „змејовите“ успеале благодарение на богатата понуда на Ливерпул кој лани се острел да даде дури 60 милиони евра за Луис Диаз (го бараа и Тотенхем и Манчестер Јунајтед).
РОДУМ Е ОД ПЛЕМЕ КОЕ НЕ ИМ СЕ ПОКОРИЛО НА ШПАНСКИТЕ ОСВОЈУВАЧИ, ГО ЗАБЕЛЕЖАЛЕ НЕГОВИОТ ТАЛЕНТ ПОСЛЕ ТУРНИР ЗА СТАРОСЕДЕЛСКИТЕ НАРОДИ
Потеклото на Луис Диаз силно влијаело на неговиот пат. Тој потекнува од староседелскиот индијански народ Вају (Wayuu, Wayu, Wayúu) во Колумбија. Ова е индијанско племе кое не се покорило под налетите на шпанските колонизатори.
Вају е прво индијанско племе кое живеело на територијата на денешна модерна Колумбија, поседувале огнено оружје, имале голем број коњи и ја чувале својата земја. Овој народ живее во Гуахира на истоимениот полуостров на Карипското море меѓу Колумбија и Венецуела.
Племето Вају жестоко се спротивставувало на секој обид да биде покорено и тоа водело до крвопролевања од големи размери.
Шпанскиот гувернатор Сото де Ерера на времето го опишувал ова племе како гомила варвари и коњокрадци кои не знаат за Бога, законот и кралот. Дури на крајот од XIX век венецуелската и колумбиската влада го протерале непокорното племе Вају во пустина.
Сега Вају е племе кое воглавно се занимава со сточарство и тоа во најтешки услови во пустината Гуахира. Интересно, Вају е еден од најбројните автохтони народи на северот од Јужна Америка - на границата меѓу Колумбија и Венецуела живеат околу 450.000 Вају.
Луис Диаз таму меѓу својот народ првпат почнал да игра фудбал. Во 2015-та тимот на неговото племе учествувал на турнир за колумбиските индијанци. Тогаш 18-годишниот Луис го приметиле присутните скаути и ловци на таленти. Потоа играл и на Копа Америка за староседелски народи (има и таков турнир). Колумбија стигнала до финале но изгубила од Парагвај, а Диаз бил откритие на турнирот.
„Го завикавме шпагета зошто беше слаб и долг. Поставуваше многу прашања, се интересираше за тактика и посветено работеше на тренинзите. После изгубеното финале плачеше во соблекувална“, се сеќава тренерот на тој тим, Хаиро Диаз.
По одличните настапи, отишол да тренира во од еден од најпознатите клубови во Колумбија - Атлетико Хуниор. Таму го донел легендарниот Карлос Валдерама кој и помагал на репрезентацијата составена од играчи со индијанско потекло.
Диаз бил многу преслабен и му спремиле специјална исхрана па брзо качил 10 килограми. Но ова биле и последици на потеклото: СЗО често нагласува дека условите за живот на тие народи таму се многу тешки а гладот меѓу децата е еден од најголемите проблеми на племето. Според статистиката за 2020. само 23% од Вау домаќинствата се храни редовно и нормално.
Луис никогаш не заборавил на своето потекло. После успешниот настап на Копа Америка 2021 со Колумбија, тој се вратил дома меѓу својот народ во градот Баранкас и поиграл фудбал со децата.
Luis Díaz, uno de los mejores jugadores de la #CopaAmérica 2021, volvió a Barrancas y demostró que su fútbol es POTRERO PURO. ¡Crack! pic.twitter.com/t6e7ks0lpZ
— SportsCenter (@SC_ESPN) July 15, 2021
Со клубот Атлетико Хуниор освоил неколку трофеи и славел во Купот на Колумбија. Во 2019-та година потпиша богат договор со Порто.
„Мислам дека Порто ќе стане за него пресвртна точка како за Хамес и Фалкао. Скоро ќе го видиме во некоја од најдобрите пет лиги на Европа“, како да предвидил првиот тренер на Дијаз по трансферот во Португалија.
И бил во право. Патот од тимот на племето до Ливерпул траел за Луиз 7 години.
ГО СПОРЕДУВААТ СО НЕЈМАР ПОРАДИ ДРИБЛИНГОТ И СО РОБЕН ЗА ПОЗНАТИОТ „ЛАЖЊАК“
Луис се разви во класа играч. Минатата година тој беше еден од најдобрите играчи на Копа Америка со 4 гола колку што имаше и Меси. Ја водеше Колумбија до трето место и бронзен медал.
И во Порто блескаше. Сезонава постигна 14 гола и имаше 5 асистенции во португалската лига каде е втор стрелец (Уругваецот Нуњез од Бенфика има гол повеќе). Во претходните две сезони имал 6 гола и 5 асистенции.
Порто во моментов е прв во Примеира и му бега шест бода на Спортинг. Благодарение на Луиз Диаз лидерот оди кон уште една нова титула.
Ливерпул и Јирген Клоп можеа лично да се уверат во неговите квалитети. Луис Диаз минатата есен ги одигра натпреварите против Ливерпул во Лига на шампиони (црвените два пати го победија Порто).
„Кога игравме против Луис, видовме колку е опасен, брз и како неговиот менталитет му помага на тимот. Сметаме дека во него има се што е потребно за да се вклопи во нашата екипа и да се адаптира на Премиер лига, како физички така и морално. Веруваме дека Луиз е фудбалер кој ќе не направи подобри и сега и во иднина“, Клоп имал само пофалби за Колумбиецот.
Хајро Диаз, неговиот прв тренер смета дека според начинот на игра Луиз многу потсеќа на Нејмар. Вели дека може брзо да смени правец на движење и тоа е негова најсилна страна со стартната брзина. Тој еднакво добро шутира и со двете нозе, сезонава има по 3 гола со лева и десна нога и 3 со глава.
Овој богат, скап трансфер е прав пример за долгорочната стратегија на Ливерпул кој мисли на иднината. Без разлика на сјајното трио Мане-Салах-Фирмино, Клоп е свесен дека треба да се мисли и на иднината.
Прочитајте уште и:
Шамански ритуал за победа на Перу против Еквадор на патот до Светско првенство