Фудбал

Аријан Адеми стана прв македонски фудбалер со МВП признание во Лига на шампиони

Дарко Панчев и Илија Најдоски се првите нашинци кои го освоија најелитното клупско европско натпреварување во стариот формат, а Горан Пандев во новиот. Но никогаш до сега сме немале наш човек, МВП.

Фелш мајсториите на Модриќ се секогаш уметност

Актуелниот европски првак со убедливи 0:3 против Селтик ја почна одбраната на титулата. Маестро Лука Модриќ на 9 септември полни 37 години. Кој би рекол?

Моќен гостински старт во ЛШ на Сити и Реал, дербито му припадна на ПСЖ

Јувентус немаше лек за Мбапе кој со два гола како на плејстејнш му донесе 3 бода на ПСЖ. Шахтјор го изненади Лајпциг на гости и тоа убедливо, а Сити, Реал и Бенфика и ја оправдаа фаворитската улога. Нерешено беше само во Австрија. 23 гола во воведното коло во Лига на шампиони кое продолжува во среда.

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Рики спаси чист гол против Челси, а потоа испали проектил кој Кепа едвај го одбрани

Капитенот на Македонија Стефан Ристовски одлично ја почна сезоната во ЛШ. Во 6-та минута од мечот јуначки го спаси голот по шутот на Стерлинг, а во вториот дел за влакно ќе дадеше еврогол.

Сензациски старт за Динамо во ЛШ, Челси капитулираше на Максимир

Стефан Ристовски и Аријан Адеми го срушиja ланскиот европски првак во првото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Човек на одлука е Мирослав Оршиќ.

Само генијалец како Меси може да изведе ваков слободен удар

ПСЖ се спрема за новата сезона во Лига на шампиони и стартува веднаш со јака битка против Јувентус, натпревар закажан за вечерва во 21 часот во Париз. Лео вежба слободни фрлања, а голманот го гледа и се чуди, како ли успеа вака перфектно да ја свитка во агол?

Колку и да е местена, не можеш до волку да се направиш будала за офсајд

Криминалниот судиски чин е извршен врз англискиот нисколигаш Туртон, за акција која нема потреба ниту да се коментира, а не па да се гледа на ВАР. Па ова е нереално и вон сите стандарди.

Салернитана даде гол, непријатен и за давање и за коментирање

Сенегалскиот напаѓач Булај Диа му даде гол на Емполи, кој како да ви го кажеме, а да не погрешиме? Описот на коментаторот дека ова е несекојдневен гол е со најучтивиот можен речник. Стрелецот сам ќе ви покаже со гестикулацијата.

Голманот на Ридинг да ви покаже како се задржува време

Ридинг го совлада Стоук со 2:1 во Чемпионшип лигата, а голманот на домаќините Џо Ламли правеше до сега невидени будалаштини за да задржи време.

Нова тешка глупост на Чичарито

Пред само четири дена приреди врвен театар и наместо да се поправи, ја оплеска. Лос Анџелес Галакси имаше пенал во 97-та минута против Канзас и тоа при резултат 2:2. Мексиканскиот напаѓач шутираше за хет-трик и победа, но се посрамоти за сите пари. Инаку токму од пенал израмни во 88-ма минута, но испушти да биде херој.

Велемајсторски потег на Суарез на додавање од аут

Луис Суарез летово направи кам бек, онаму каде што ја почна кариерата, а тоа е Национал. На уругвајското дерби против Пењарол кое заврши 3:1, големата 35 годишна ѕвезда предизвика екстаза и меѓу навивачите и кај коментаторот. Што ти е стара коска. И тоа со лева, а деснак е.

Ново голчиште на Јани Атанасов за Хајдук

По евроголот на дербито против Динамо Загреб минатиот месец, 22 годишниот македонскиот фудбалер и дете на Академија Пандев, повторно воодушеви со прекрасен погодок. Хајдук го декласираше Славен Белупо со 5:1, а Јани покажа како се изведува слободен удар.

„Васко Жабата“ грми на бугарско дерби

Левски Софија vs ЦСКА Софија. Трибината ќе падне уште малку за време на неприкосновениот хит.

Хакан му го памти на Тео

На миланското дерби избија искри уште пред стартот на мечот. Чалханоглу одби да се поздрави со Хернандез поради тоа што за време на прославата на шампионската титула на Милан, Тео ги палеше навивачите да скандираат против Турчинот.

Најфудбалски мајтап на колото

Германците можат да се гордеат со фасцинантна посета на сите фудбалски стадиони во сите лиги. Пред преполн стадион во 4. регионална лига, Прусен Минстер со 4-2 го победи Келн II. Хенок Теклаб имал хет-трик, а голот во 90+2' минута за конечен резултат му е по маестрален заеб над голманот.

Меси и Мбапе кликнаа пак, Килијан даде феноменален гол во негов стил

ПСЖ игра сјајно на почетокот на новата сезона и во Лига 1 после шест кола има 5-1-0 со гол разлика 24-4. Од тие 24 погодоци, 7 досега даде Мбапе, 7 Нејмар. Французинот брилјираше и во гостинското славје кај Нант 0-3 каде постигна два погодоци од кои едниот за најавни шпици од контра.

Кварацхелија со прекрасен гол и одличен потег го освои Олимпико

Младиот Грузиец Квича Кварацхелија ја импресионира цела фудбалска Европа со изданијата на стартот од сезоната во Серија А. Тој беше творец на пресвртот против Лацио на гости и со погодок ги постави конечните 1-2. Имаше и дриблинг како Зидан и за малку не го постигна голот на сезоната. Нашиот Елиф Елмас влезе од клупата во 68' минута.

Чудесната одбрана на Де Хеа за која се збори на големо

Манчестер Јунајтед со голот на Џејдон Санчо го победи Лестер на гости 0-1 и го преброди ова тешко гостување. Најзаслужен за победата на тимот на Тен Хаг секако е голманот Де Хеа кој бранеше сјајно а еднаш и прелета како птица при еден слободен удар.

Во 136 секунди дознајте го цел трансфер преоден рок летово

Вообичаено најмногу трошеа премиерлигашите кои истурија тешка милијарда и кусур на трансфери и богати договори на играчи и тренери. После нив се наредија другите Топ3 лиги: шпанска, италијанска, германска. Да видиме накратко кои беа главни зделки летово?

Aталанта направи шпалир во чест на големиот Јосип Иличиќ

Словенечкиот репрезентативец имаше врвна кариера во Серија А. Блескаше во Палермо, а својата класа ја покажа во Аталанта која што ја одведе и во Лига на шампиони и беше меѓу најзаслужните што Бергамашите станаа редовен учесник на еврокупови. Во последните неколку сезони се мачеше со депресија која што на долго време го одвои од терените. Сега заминува како слободен играч од Аталанта со која споразумно го раскина договорот.

Фински начин на славење за гол

И тоа не за победа, туку за израмнување, а во прашање е асистент тренерот на Хака, кој сигурно бил голман.

Голман кој никогаш повеќе нема да добие повратно додавање

Или по нашки, Миле Паника од Саудиска Арабија. „Чисти ја на прва“ е совет кој го дававме уште како деца во маало.

Врвот на театарската глума го има Чичарито

И покрај тоа што има 34 години и носеше дресови на брендови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Хавиер Ернандес кој настапува во МЛС за тимот на Лос Анџелес Галагси, се надмина себе си.