
Мајнц го отпуштил некогашниот репрезентативец на Холандија и поранешен фудбалер на Ајакс, Лил, Астон Вила, Евертон, ПСВ Ајндховен, затоа што „зазел позиција во конфликтот на Средниот Исток на начин кој е нетолерантен за клубот“, соопшти бундеслигашот.
Ел Гази кој е роден во Холандија но има мароканско потекло, на Инстаграм напишал:
„Ова не е војна. Кога една страна сопира вода, храна и струја на другата не е војна. Кога една до двете страни има нуклеарни оружја не е војна. Кога една од двете страни користи слики монтирани од вештачка интелигенција за да шири дезинформации за другата не е војна. Ова не е конфликт ниту војна. Ова е геноцид, масовно уништување. Од река до море, Палестина ќе биде слободна“.
После набрзо ја избришал објавата.
Крилниот напаѓач кој играше и во Премиер лига, во бундеслигашот Мајнц дојде на 22 септември и после помалку од еден месец добил отказ. За Мајнц одиграл само 51 минута на три меча на кои влегувал од клупа за резерви.
СООПШТЕНИЕТО НА МАЈНЦ
„ФСВ Мајнц го отстранува Анвар Ел Гази од тренинзи и натпревари како одговор на една објава на социјалните мрежи од 28-годишникот во неделата вечер, сега избришана. На овој начин Ел Гази зазема нетолерантна позиција за клубот во конфликтот на Среден Исток. На одлуката и претходеше детална дискусија меѓу управата и играчот. Мајнц препознава дека има разни погледи на сложениот конфликт на Среден Исток кој трае со децении. Клубот затоа јасно се оградува од содржината на објавата во која не се почитуваат вредностите на нашиот клуб“.
Ел Гази е само уште еден од многумината фудбалери кои јавно ја поддржаа Палестина во конфликтот. Меѓу првите беше клупската икона на Реал Мадрид Карим Бензема, а после него уште и Нусар Мазрауи од Баерн Минхен, Факир од Бетис, Месут Озил и други.