Фудбал

Фински начин на славење за гол

И тоа не за победа, туку за израмнување, а во прашање е асистент тренерот на Хака, кој сигурно бил голман.

Голман кој никогаш повеќе нема да добие повратно додавање

Или по нашки, Миле Паника од Саудиска Арабија. „Чисти ја на прва“ е совет кој го дававме уште како деца во маало.

Врвот на театарската глума го има Чичарито

И покрај тоа што има 34 години и носеше дресови на брендови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Хавиер Ернандес кој настапува во МЛС за тимот на Лос Анџелес Галагси, се надмина себе си.

Милан и официјално продаден за 1,2 милијарди евра

Во Миланело е голема гужва денес. Милан доведе две нови засилувања на денот кога клубот и официјално прејде во раце на RedBird Capital и на сопствениците на американскиот бејзбол гигант Њујорк Јенкис.

Ракета од фудбалер на Црвена звезда на вечното дерби со Партизан

Фудбалерот од Гана, Осман Букгари (23) играл во Андерлехт, Тренчин, Гент и француски Нант пред летово да дојде во Црвена Звезда. Веќе постигна неколку гола за „црвено-белите“ а за евроголот кој го даде на белградското вечно дерби изјави дека му е најубав во кариерата.

Што е со Даглас Луиз од Вила, пак даде гол директно од корнер

Бразилецот Даглас Луиз од Астон Вила е најозборуван фудбалер во Премиер лига деновиве. Прво што е на прагот да замине од Бирмингем и да се пресели во голем клуб за богат трансфер (веројатно Арсенал), а второ што синоќа даде втор гол директно од корнер по стартот на сезоната. Првиот му беше со Болтон на гости во Лига Купот, а синоќа против Арсенал кога израмни на 1-1.

Евроголот на месецот падна во Русија

Илзат Ахметов има 24 години, роден е во Бишкек (Киргистан) а целата кариера уште од 2013-та му е во руското првенство. Играше за Рубин Казањ од каде отиде во ЦСКА Москва и таму беше јунак на многу големи победи во Лига на шампиони. Летово рускиот репрезентативец дојде во Краснодар и во Купот на Русија постигна гол каков што дале само Меси, Марадона, Роналдо и другите великани.

Зборувај ми на англиски, не на германски Де Лихт

По мечот во германскиот Куп кој Баерн го доби убедливо со 0-5 кај Викторија Келн, холандскиот стопер на прашање поставено на англиски од репортерката, одговораше германски додека не го исправија.

Нов чудесен трик на СМС

Сампдорија и Лацио одиграа 1-1 а домаќините до бод стигнаа во 90+2’ минута од судиското продолжение. Чиро Имобиле претходно ги донесе гостите во предност по невозможна асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Лудилото на Енфилд Роуд по голот во 90+8’ минута

Ливерпул и Њукасл одиграа фантастичен меч. Гостите имаа водство со голот на скапоценото засилување Александар Исак во 38’ минута. Боби Фирмино израмни во 61-ва минута а буквално во последните секунди од мечот Фабио Карваљо им донесе триумф на црвените за лудница на Енфилд Роуд.

Нова мајсторија на Влаховиќ од слободен удар

Само четири дена откако опасно ја тресна Рома, Душан Влаховиќ одново блесна од слободен удар. Јувентус ја совлада Специја со 2:0, а српскиот центарфор за малку дупка ќе направеше во мрежата.

Прв гол на Елмас сезонава, одговор на Лече со голчиште

По нерешените 0:0 во Фиренца, Наполи повторно одигра реми и во 4. коло од Серија А, овој пат дома против Лече. Спалети за прв пат сезонава го стави стартер Елиф Елмас, а тој го отвори резултатот во 27-ма минута. Гостите одговорија преку 20 годишниот Лоренцо Коломбо кој ја опали многу јако за конечни 1:1.

Како да држиш финансиска рамнотежа со трансфери, а да освојуваш трофеи?

Убавиот пример доаѓа од Шпанија, од екипата на Атлетико Мадрид кој под водство на Симеоне ги освои сите трофеи со исклучок на ЛШ, а истовреме работи многу домаќински и не влегува во була како други клубови.

Марк Хјуз на 58 години има подобар прв прием на топка од многу фудбалери

Легендарниот Марк Хјуз има огромен тренерски стаж во Англија. Водеше еден куп екипи од Манчестер Сити, Фулам, КПР, до Саутемптон и сега Брадфорд Сити во англиската четврта лига. Синоќа во триумфот на неговиот тим од 3-1 над Шефилд Венздеј изведе и прием на топка каков што немаат ни најдобрите фудбалери.

Барела го има голот на месецот во Серија А

Интер се рехабилитираше после поразот од Лацио од 3:1, со идентичен резултат на мечот дома против новиот прволигаш Кремонезе. Николо Барела испука бомбастичен проектил кој не се брани.

Каков жив ѕид користи Реал на тренинг?

Ова уствари не е жив ѕид, ама кралевите користат таква технологија, да тој изгледа на таков.

Слалом на Недвед после кафана

Потпретседателот на Јувентус наполни 50 години, јубилеј кој се разбира дека не се слави со кисела вода. Ама изгледа на Павел не му држи газот.

Од детство во најопасна фавела во Сао Пауло, до трансфер од 100 милиони во Манчестер Јунајтед

Антони пораснал во фавела наречена Инфернињно (малиот пекол во превод), една од најопасните зони во Осаско, предградието на Сао Пауло каде за добро утро гледал дилери на дрога, криминалци и крадци кои бегаат од полиција и луѓе убиени близу неговиот дом.

Со вакви одбрани Лука Зидан само го срами славното презиме

Синот на Зинедин Зидан во моментов е без клуб откако му заврши договорот со Рајо, каде очигледно не можел да се бори против конкуренцијата која се вика Столе Димитриевски. Се зборува дека е пред трансфер во Жирона. Навивачите се веќе загрижени и постираат видеа од неговите интервенции со кои ни татко му, ни никој не може да биде горд.

Дете кое после голов им резервирал карти на многу скаути од Европа

Во У-20 лигата за младинци во Бразил, Палмеираш У-20 со 5-2 го добил Атлетико Паранаенсе У-20. Еден од стрелците, младиот чудесен шпиц Ендрик дал гол во стил на врвните мајстори на фудбалот. Како Роналдо и Бергкамп на времето.

Еврогол во бугарската лига кој го крена стадионот на нозе

Во дуел меѓу ЦСКА Софија и истоимената ЦСКА 1948 која неочекувано е лидер во бугарската лига после 8 кола, домаќините стигнаа до победа после пресврт и луд гол на холандскиот лев бек Бредли Де Нојер во 87’ минута.

И? Се објаснивте ли Пеп?

А вака убаво, сликовито објаснува човекот.

За политичката лакрдија во ФК Вардар кога за претседател ставиле водоводџија назначен од шоферот на премиерот

Годината е 1998-ма. Со смена на власта, се сменила и сопственичката структура во македонскиот спортски бренд кој го третирале како политичка играчка. На местото на спонзорот Макпетрол, Вардар требало да го финансираат пет државни фирми, а за претседател на клубот бил назначен братот на Трајче шоферот, кој го возел премиерот. Фирмите не дале денар, а претседателот на клубот не знаел каде е главниот влез на стадионот и се уцапал во кал до колена. Какви таленти.

Биди карактер како Садио Мане

Херојот кој на Сенегал му го донесе толку посакуваниот пехар од Африканскиот Куп на нации, човек кој донира милиони и милиони во своето родно село и цела Африка. Летово направи трансфер од Ливерпул во Баерн Минхен а на групната фотографија на Баварците во пресрет на славниот Октоберфест, религиозниот Мане остана до своите ставови да не пипка алкохол.