Најмладиот стрелец во историјата на Јужно-американските квалификации

Еквадор забележа исклучително важна победа во квалификации за Светско првенство 2026 кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Еквадорците славеа 1-2 со гол во длабоко судиско продолжение во 90+6’ минута а претходно Кендри Паез ги доведе во водство и стана најмлад играч во историјата на јужно-американските квалификации.

Кендри Паез има само 16 години и 161 ден. Во јуни летово Челси со него договорил трансфер вреден 21 милиони евра колку што ќе добие неговиот еквадорски клуб Индепендиенте дел Вале.

Паез ќе стане член на Челси дури од 4-ти мај 2025-та година кога ќе наполни 18 години и ќе може да се активира професионален договор. Инересно синоќа за голот му асистираше уште еден играч на Челси, Моизе Каиседо за кого сините платија астрономски околу 120 милиони евра летово.

Кендри Паез дебитирал за Индепендиенте дел Вале на само 15 години и станал убедливо најмладиот дебитант и стрелец на гол во историјата на еквадорската лига.

 

13 октомври 2023 - 14:57