
Карим Бензема е еден од најпознатите фудбалери кои јавно изрази поддршка за Палестинците во конфликтот со Израел. Освен клупската легенда на Реал Мадрид, јавна поддршка изразија и познатите фудбалери Месут Озил, Набил Фекир од Бетис, Хаким Зијеш од Галатасарај, Закарија Абухал од Тулуз и други претежно следбеници на исламската вероисповед.
„Бог да им помогне на нашите напатени браќа во Палестина за да победат. Нека Бог има милост за нивните жртви и нека Бог ги исцели повредените. Амин“, напишал десниот бек на Баерн Минхен и репрезентацијата на Мароко која сензационално стигна до полуфинале на Светско првенство 2022.
Германскиот лист „Билд“ во една статија го обвинил Мазрауи дека е приврзаник на тероризам. Соочен со овие обвинувања, Мароканецот бил приморан уште еднаш да ги разјасни своите пораки на Твитер (Х).
25-годишниот Мазрауи подоцна напишал: „Прво пред сè би сакал да кажам дека е многу разочарувачки што морам да објаснувам зошто стојам зад нешто. Таму има ситуација во која страда невин народ. Мојата позиција е дека ќе се борам за мир и правда во светот. Ова значи дека секогаш ќе бидам против секој вид на тероризам, омраза и насилство. И има нешто зад што секогаш ќе стојам.
Поради тоа не разбирам зошто луѓето мислат спротивно за мене и ме поврзуваат со омразени групи. Ова не за тоа што јас мислам или вие мислите, невин народ секојдневно страда во овој ужасен конфликт кој излезе од контрола. Мора да бидеме против војната и да зборуваме против. Ова е нехумано. И за крај, сакам да појаснам дека никогаш сум немал намера некого да навредам или повредам свесно или несвесно“.
БАЕРН МИНХЕН ИЗРАЗИЛ СОЛИДАРНОСТ СО ИЗРАЕЛ
There is no justification for the killings and brutal violence against the civilian population. We are worried about our friends in Israel and hope for peaceful coexistence of all people in Middle East.#nowar
— FC Bayern München (@FCBayern) October 8, 2023
Пратеник во германскиот парламент, Јохан Штајнејгер јавно побарал Баерн да го отстрани играчот и пишал за минатото на германскиот клуб чиј еден од претседателите во два мандати низ историјата бил Евреин.
„Клубот на Курт Ландауер, кого нацистите пежоративно го викале еврејски клуб не смее да го игнорира ова. Напраотив, државата мора да бара одговорност и да го протера од Германија. Драги раководни лица во Баерн ве молам веднаш да го отпуштите“, напишал пратеникот на друштвените мрежи, пренесува шпанска Марка.
А во Баерн Минхен резервниот голман кој летово стигна во екипата од Макаби Тел Авив, 23-годишниот Даниел Перетц е Израелец. Тој на својот Инстаграм профил објавил видео од ужасите во воениот конфликт и напишал: „Ова е само дел од ѕверствата и монструозноста што ја почини Хамас“.
Во Франција пак, фудбалерот на Ница, Јусуф Атал на социјалните мрежи објавил остри навреди на сметка на Евреите која што подоцна ја избришал и морал да се извини и да го осуди секој облик на насилство.
Градоначалникот на Ница Кристијан Естрози рекол: „Се надевам дека Атал (Јусуф) ќе се покае и ќе ги осуди терористите од Хамас. Ако не го стори тоа, не треба да игра за клубот“.