
Хрватска загуби од Велс па сега Велшаните имаат подобар меѓусебен учинок од „коцкестите“ и во случај да завршат со ист број бодови Хрватите нема да одат на Европско како второпласирани.
Велс до крајот од квалификациите игра со Ерменија на гости и со Турција дома, а Хрватска гостува кај Летонија и во Загреб ја пречекува Ерменија. Со две победи до крајот Велшаните одат на Евро 2024.
Доколку на Хрватите не им успее преку овие традиционални квалификации, ќе се обидат до Германија да стигнат преку баражот кој го осигураа низ игрите во Лига Нации. Во тој бараж ќе настапат 12 селекции но на крајот само три ќе обезбедат пласман на ЕВРО 2024 кое се одржува од 14. јуни до 14. јули 2024.
Треба да се има предвид дека во оваа група кај Велс и Хрватска, и Ерменија има свои шанси затоа што со две победи на последните два меча против Велс и токму против Хрватите би можела да обезбеди историски прв настап на едно Европско првенство.
Првиот дел во Кардиф заврши без голови, а веднаш на стартот на вториот дел Хари Вилсон го отвори резултатот 1-0 со гол по слаба проценка на хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ кој непотребно и несигурно излезе, го напушти својот гол па се предомисли на својот пат. Ваков сличен кикс направи голманот на Фенербахче и во поразот 0-1 дома од Турција.
26-годишниот фудбалер на Фулам Хари Вилсон и во 60’ минута стрелаше прецизно и зголеми на 2:0 а Хрватска до крајот само успеа да намали преку Марио Пашалиќ во 75’ минута.
Конечен резултат 2-1 и сега Велс е втор на табела, а Хрватска трета со исто 10 бодови.
*****************************************************