Парагваец плукна во правец кон Меси и крена врева

Во 3. коло од квалификациите за Светско првенство 2026, Аргентина со 1-0 го совлада Парагвај со гол на Николас Отаменди уште во 3’ минута. После неколку дневна пауза поради повреда, на терен се врати и Лео Меси кој синоќа влезе од клупа за резерви. При една расправија со Лионел, парагвајскиот шпиц Антонио Санабрија кој потекнува од школата на Барселона а кој неколку сезони игра за Торино, плукна во правец кон Меси со очигледна намера.

Очигледно беше дека Санабрија имал намера да плукне во Меси а Лионел после мечот за оваа одвратна епизода рекол:

„Во соблекувалната ми кажаа дека некој ме плукнал, ама јас не знам кое е тој. Не сакам да зборувам за тоа бидејќи ќе отиде предалеку ако кажам нешто, а тоа не ми е цел“, изјави Меси.

Меси се врати и за влакно не постигна голчиште за кое ќе се зборуваше

13 октомври 2023 - 09:48