Хернанес се забавува во седмата италијанска лига

Се сеќавате ли на бразилската ѕвезда Хернанес, кој направи доста солидна кариера во Италија, посебно во Лацио? Епа се врати во италијанскиот фудбал, ама овој пат поради забава. 

38 годишниот Хернанес кој се пензионираше во родниот Бразил, како ретко кој друг играч, реши повторно да се активира и тоа со кам бек во Италија во седмолигашко друштво.

Се работи за аматерскиот тим Сале кој игра во локална лига. Ветеранот влезе во последните минути од натпреварот против Монтеферато, го постигна победничкиот гол за 2:1 и ги крена сите на нозе.

Кога го најави своето пензионирање, Хернанес тврдеше дека ја нема повеќе таа одлучувачка способност, но по година и пол се врати чисто од забава.

„Во Серија А не се забавував, бев многу сериозен и професионален. Овде открив нов тип на фудбал, со топката пред моите нозе се чувствувам како дете. Затоа разговаравме и решив да го потпишам овој договор. Гледајќи ја оваа реалност, се сетив на моите почетоци во Бразил, каде играв за да се забавувам, но да бидеме на чисто и да победувам“, вели Бразилецот.

Хернанес ја почна кариерата во Сао Паоло со кој стана трикратен првак на Бразил, каде и се врати после престојот во Италија, а последен клуб му беше Спорт Ресифе.

Најмногу се прослави во Лацио, каде стана еден од воечките играчи со 154 настапи и 40 голови, а потоа играше во Интер и Јувентус.

За Бразил има 27 настапи, трофеј во Купот на Конфедерации 2013 и учество на Мундијалот 2014. 

Голот го прослави исто како на времето.

 

17 октомври 2023 - 10:00