Излезе снимка од терористот кој пука и бега на мотор

Во страшен терористички напад синоќа во Брисел биле убиени двајца шведски државјани кои дошле за натпреварот од квалификации за Европско првенство меѓу Белгија и Шведска, а трето лице е тешко повредено. Познат е и идентитот на напаѓачот кој потекнува од Тунис и кој веќе имал дебело досие.

Инцидентот се случил на 5 км од стадионот „Крал Боуден“ каде селекциите на Белгија и Шведска го одиграа првото полувреме но кога на паузата разбрале што се случило, мечот бил прекинат при резултат 1:1.

На друштвените мрежи веќе се појавија снимки од напаѓачот (роден во 1978-ма година а барател на азил бил од 2019-та и во Брисел престојувал илегално) кој извикувал на арапски „јас сум воин на патот кон Алах“. Нападот почнал околу 19:15 а откако терористот пукал во такси-возилото во кое биле шведските навивачи и ги усмртил на место, тој тргнал кон првата зграда до него каде луѓе панично почнале да бегаат и тука тешко ранил трето лице.

На снимките се гледа како тој носи флуоресцентна портокалова јакна и носи бела кацига на глава а во рацете држи огнено оружје од кое пукал:

Потоа е снимен и на некоја од улиците на Брисел како бега со својот мотор:

Министерката за внатрешни работи на Белгија, Анелис Ферлинден соопштила дека осомничениот за нападите е уапсен и пратен на реанимација по престрелка во која бил повреден од полицијата во реонот Шаербек во Брисел.

Белгиските власти го кренале највиоскиот степен на безбедност по терористичкиот чин а премиерот Александер Де Кро изјавил дека ова е „брутален терористички напад“.

Белгиски Ла Либре: „Мотивот на терористот бил спалениот Куран во Шведска“

17 октомври 2023 - 08:47