Какво голчиште распали Мудрик

Во група Ц од квалификациите за Европско првенство каде е и македонската фудбалска репрезентација до крајот ќе биде права драма. Во моментов Англија е сигурен патник на Европско. За втората карта ќе се борат Украина и Италија.

Украинците имаат 3 бода повеќе но и меч повеќе од аѕурите. Синоќа Италија изгуби од Англија 3-1 а Украина ја совлада Малта 1-3 после пресврт со автогол, пенал и прекрасен еврогол на ѕвездата на Челси Михајло Мудрик.

До крајот на квалификациите, Украинците играат само уште со Италија на 20. ноември, а селекцијата на Лучано Спалети ја чекаат натпревари со Македонија во Рим и со Украина во Прага.

18 октомври 2023 - 09:30