Кристијано Роналдо откри кога ја смислил прославата со „сииииуу“

Кристијано Роналдо на 38 години а Лионел Меси на 36 продолжуваат да играат волшебен фудбал. И едниот и другиот изминативе денови даваа нови голови и рушеа нови рекорди во дресовите на своите репрезентации. Во меѓувреме Португалецот стигна и во едно интервју да објасни од каде потекнува фамозната прослава на гол со извикот „Сиииииуууу“ која што веќе ја копираат насекаде во светот.

„Како што паметам, сè почна во САД, кога игравме со Реал Мадрид во претсезоната. Дадов гол со Челси, а ако ме прашате зошто го направив тоа, навистина не знам. Не знам зошто го направив тоа, ете ми делуваше природно“, изјави Роналдо. 

@its._siuuu 🤩 siuuu #ronaldo #celebration #siuuuu #football ♬ original sound - ALIRIDHA💫

Роналдо на мечот со Босна и Херцеговина постигна два гола во победата од 0:5 и стигна до 40. гол во календарската година 2023, го надмина Халанд кој има 39 досега. 

18 октомври 2023 - 15:51