Милан славеше на гостувањето кај Парма со 0:2, а оваа победа како да ги разлути фудбалерите на Јувентус кои со 0:5 ја декласираа Фиорентина и не му дозволија на актуелниот шампион да ја зголеми предноста на табелата.
Фудбалерот на Болтон, Фабрис Муамба колабираше на теренот за време на куп натпреварот против Тотенхем. Лекарите се бореа за неговиот живот, а по неколку часа од болницата потврдија дека младински репрезентативец на Англија е во стабилна состојба.
По извлекувањето во седиштето на УЕФА во Нион, познати се четврт-финалните двојки од Лигата на шампиони. Иван Тричковски со АПОЕЛ ќе му се спротистави на Реал Мадрид, а актуелниот шампион Барселона ќе се сретне со Милан.
Откако ги добивме сите учесници во четврт-финалето од Лигата на шампиони и Лига Европа, можеме да заклучиме дека Шпанците со пет клубови доминираат во фудбалска европа, а Англија и Италија имаат само по еден свој претставник.
Нов ден на жалост во Манчестер. По елиминацијата од Лигата на шампиони, Јунајтед и Сити се елиминирани и од Лига Европа. Атлетик Билбао и Спортинг Лисабон ги избришаа екипите од Манчестер од европската фудбалска мапа за оваа сезона.
Човекот кој е еден од најзаслужните за успехот на Олимпик Марсеј во Лигата на шампиони, Стив Манданда е најстар од кланот голмани Манданда. Тој има уште тројца браќа голмани.
Совет за селекторите. Ако сакате да освоите Светско првенство, во својата репрезентација вклучете што повеќе фудбалери кои играат во Серија А и тоа по можност од Јувентус и Интер.
Познати се сите четврт-финалисти во Лигата на шампиони, но за жал Македонија нема да има двајца претставници помеѓу најдобрите осум во Европа. Челси го елиминираше Наполи чиј член е Горан Пандев, а Реал Мадрид рутински ја совлада ЦСКА Москва.
Фудбал во Македонија нема да се игра во следниот период. ФФМ по сугестија на МВР реши да ги одложи фудбалските натпревари од македонската Прва и Втора фудбалска лига на неодредено време додека не се создадат подобри услови.
Пред реванш натпреварот од осмина-финалето на Лигата на шампиони, тренерот на Базел изјави дека не се плаши ако неговиот тим прими седум голови од Баерн. И навистина прими седум.
Марадона и Пеле немале шанса да се сретнат на теренот, но тие редовно се во конфликт преку медиумите. Аргентинецот сега тврди дека Пеле ги помешал апчињата по неговите изјави во кои се споредува со Бетовен.
Манчестер Сити го загуби врвот во англиската Премиер лига од најголемиот градски ривал. Но фановите на Сити не треба да тагуваат затоа што историјата на Премиер лигата вели дека ако тие оваа година завршат на втората позиција, следната година ќе ја освојат титулата.
Стивен Џерард му ги дувна свеќичките од тортата на славеникот Дејвид Мојс. Тренерот на Евертон ги одбележа десетте години како е на кормилото на овој тим, но јубилејот му го уништи капитенот на Ливерпул кој со хет-трик на својот 400. настап го реши големото градско дерби.
Продолжи мизеријата на Интер. Гигантот од Милано го победи Олимпик Марсеј, но сепак е елиминиран од Лигата на шампиони. Баерн Минхен не само што ја надмина негативата, туку и се поигра со Базел, совладувајќи ги Швајцарците со 7:0.
Голманот на екипата на Ал Васл од Дубаи чиј тренер е Диего Марадона, заработи суспензија од 17 натпревари заради „заушката" која му ја залепи на познатиот шпански тренер Кике Санчез Флорес.
Не поминува ниту едно коло од англиската Премиер лига без натпревар на Арсенал кој бил одбележан од Робин ван Перси. Холанѓанецот на најдобар начин ја оправда довербата на Арсен Венгер кој се чини дека го направи вистинскиот потег кога му ја врачи капитенската лента.
Екипата на Арсенал го совлада Њукасл со гол во 95-та минута и постави нов рекорд. Топџиите се првата екипа во Премиер лигата која на четири натпревари по ред победува и покрај тоа што противникот прв бил во предност.