
На стадионот „Маракана" во Белград, по две финалиња на Светските првенства во 1934-та и 1962-та година, Чехословачка предводена од Вацлав Јежек го достигна врвот и го освои Европското првенство со победа на пенали над тогашниот актуелен светски шампион Германија.
Тоа Европско првенство во 1976-та година засекогаш ќе остане запаметено по еден играч и по еден негов потег. Тоа е Антонин Паненка и неговото технички совршено и ладнокрвно подкопување на топката.
Регуларниот дел од натпреварот заврши со 2:2 и се пристапи кон изведување на пенали. При водство на Чехословачка од 4-3, Паненка го реализираше најпознатиот пенал на сите времиња, потег кој вредеше и Европска титула за неговата земја.
Некои фудбалери и денес се обидуваат да го повторат пеналот на Паненка. Им успеа на Тоти, Пирло, Анри, Зидан...
но многумина се избрукаа.