Фудбал

86 години Сан Сиро

На денешен ден во 1926-та година со натпревар помеѓу Милан и Интер во употреба беше пуштен сегашниот најголем стадион во Италија, Сан Сиро.

Челси тргнува во одбрана на титулата

Вечерва ќе се одиграат натпреварите од Е, Ф, Г и Х групите од Лигата на шампиони, а најинтересен ќе биде дуелот на актуелниот европски владетел Челси и италијанскиот шампион Јувентус.

Динамо Загреб руши неславни рекорди

Хрватите рушат рекорди, но неславни. Минатата година Динамо Загреб стана најлошата екипа што некогаш играла во Лигата на шампиони, а оваа сезона тие го срушија и рекордот за најмала посетеност на натпревар од Лигата на шампиони.

Лучо Гонзалез - јунак на денот

Капитенот на Порто, Лучо Гонзалез, три часа пред почетокот на натпреварот против Динамо Загреб ја прими веста за смртта на неговиот татко, но тој јуначки го одигра натпреварот и постигна гол.

Роналдо херој на трилерот во Мадрид

Кристијано Роналдо повеќе не е тажен. Тој ја врати насмевката откако Реал Мадрид со неговиот гол во последна минута успеа да го совлада Манчестер Сити и покрај тоа што на два пати губеше во самата завршница. Очекувани победи славеа и Порто, ПСЖ, Арсенал, Шалке, Малага и Борусија, а единствено киксна Милан.

Челси, Меси и ЛШ 2011/12

Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите која се надеваме дека ќе биде уште поинтересна од минатата сезона во која Челси ја изненади Европа. Да се потсетиме на најинтересните моменти.

Промашувањето на Рамос

Не, нема пак да го објавиме видеото со пеналот на Рамос (и покрај тоа што вреди да се гледа секој ден). Ова е видео од промашувањето на Серхио Рамос на натпреварот против Севиља.

Кога англичаните си немаат работа

Што прават англичаните кога имаат повеќе слободно време? Ги бројат имињата во англискиот фудбал.

Започнува шоуто во Лигата на шампиони

Вечерва стартува 21. издание на најелитното европско клупско натпреварување. 32 клубови од 17 земји ќе одиграат 125 натпревари и ќе се обидат да стигнат до финалето на Вембли и до трофејот кој во моментов е во сопственост на Челси.

Респект од лутиот градски ривал

Екипите на Ливерпул и Евертон се огромни ривали на теренот, но надвор од него помеѓу навивачите на двата клуба постои взаемна почит, а тоа денес повторно се докажа. Пред почетокот на натпреварот против Њукасл, Евертон им оддаде почит на 96 навивачи на Ливерпул кои загинаа пред 23 години на Хилсборо.

Ноер ја погоди целта

Мануел Ноер освен што е еден од најдобрите голмани во Европа, докажа дека е добар и како играч. Минатата сезона реализираше пенал на финалето од ЛШ против Челси, а викендов по кратко жонглирање успеа од 50 метри да го погоди во глава соиграчот Тони Крос.

Најлошиот старт во кариерата на Мурињо

Жозе Мурињо ја започна сезоната на погрешно стапало. И покрај тоа што стартуваше со трофејот кој му недостасуваше - шпанскиот Суперкуп, резултатите во лигата му го донесоа најлошиот старт од почетокот на неговата тренерска кариера.

Реал Мадрид веќе ја загуби титулата?

Шпанските медиуми тврдат дека самите фудбалери на Реал Мадрид не веруваат дека можат да ја стигнат Барселона и дека Мурињо нема да ја издржи целата сезона, а во тој прилог оди и историјата која вели дека Реал Мадрид никогаш не успеал да надомести заостанување од осум поени.

Навивачки нереди во Србија

Петтото коло од Суперлигата во Србија беше одбележано со тепачки помеѓу навивачите пред и за време на натпреварот помеѓу Раднички Крагуевац и Црвена Звезда.

Акцијата која го урна Реал е вежбана 40 пати

Севиља го победи Реал Мадрид со гол уште во втората минута, а корнер ситуацијата по која беше постигнат голот воопшто не била случајна, туку вежбана два дена.

Зампарини смени 50 тренери

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини е најлошиот газда на фудбалски клуб. Откако тој е влезен во светот на фудбалот, има отпуштено 50 тренери, а последниот издржа само три натпревари.

Прециоси е „присутен“

Претседателот на Џенова во саботата заработи шест месечна суспензија и не можеше во живо да го следи натпреварот против Јувентус, но тој сепак најде начин како да биде присутен на стадионот.

Гранде Пандев во топ форма

По одличните партии за фудбалската репрезентација на Македонија на натпреварите против Хрватска и Шкотска, Горан Пандев на својот прв натпревар за Наполи оваа сезона изнуди пенал, постигна гол и асистираше на уште еден погодок во победата на Наполи над Парма од 3:1.

Анри во стилот на Шаќири

Тиери Анри и на 35 години ги кине противничките мрежи. Тој постигна два гола за Њујорк против Колумбус, а вториот директно од корнер како Шаќири на Дејвид Симан.

Меси сруши уште еден рекорд, Реал заостана на -8

„Резервистот" Лионел Меси постигна два гола на гостувањето кај Хетафе и уште во септември си го сруши личниот рекорд за најмногу постигнати голови во календарска година. Реал Мадрид го доживеа вториот пораз и по четири кола веќе заостанува 8 поени.

Успешен јубилеј на легендите на Манчестер Јунајтед

Во четвртото коло од англиската Премиер лига, Алекс Фергусон, Рајан Гигс, Пол Сколс и Рио Фердинанд ги одбележаа своите јубилеи со победа од 4:0 над Виган. Висока победа забележа и Арсенал, а Челси и Манчестер Сити ремизираа на гости. Ливерпул го продолжи најлошиот старт во последните 101 година.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO на најдобрите 10 голови од изминатите седум дена, а помеѓу нив се и головите на Папис Сисе, Конопљанка и Чави.