По успехот на Шпанија во последните четири години, многумина констатираа дека тоа е најдобриот тим на сите времиња. Но постарите генерации не се согласуваат со оваа констатација. За нив тоа е генерацијата на Пеле која го освои Светското првенство во 1970-та година.
Членовите на фудбалската репрезентација на Србија за играчи до 17 години изведоа добро истрениран трик на квалификацискиот натпревар против нивните врсници од Молдавија.
Во петтолигашки спектакл пред 4.000 гледачи, Вартекс, клубот кој го оформија незадоволни навивачи, го победи Вараждин, клубот за кој што тие порано навиваа.
Тиери Анри веќе има 35 години, но тој се уште е во врвна форма. Тоа го потврди и на последниот натпревар за Њу Јорк Ред Булс при победата од 4:1 над Торонто, каде Анри асистираше на три и постигна еден прекрасен гол.
Русија планира да потроши 20 милијарди долари за организација на Светското првенство во 2018-та година што е скоро двојно повеќе од сумата која ја имаше испланирано Путин пред две години.
Реал Мадрид ја покажа својата моќ на една недела пред големото Ел Класико дерби против Барселона. Во шестото коло од шпанската Примера, Депортиво Ла Коруња повед повед во Мадрид, но потоа прими пет гола од расположените домаќини.
Прв пат по пауза од 23 години екипата на Тотенхем успеа да слави на теренот на Манчестер Јунајтед. На лондонското дерби Челси триумфираше на гостувањето кај Арсенал, на гостински терен славеше и Манчестер Сити, а конечно победи и Ливерпул.
Нема крај на проблемите на Јувентус. Заменикот на Антонио Конте, привремениот тренер Масимо Карера е обвинета за убиство без умисла, односно предизвикување сообраќајна несреќа со фатални последици.
Сликите на разголени мускулести ултраси, припадници на една од најозлогласените навивачки групи во Европа, наместо да шират страв станаа рај за очи и хит на вебстраните за хомосексуалци.
Најдобриот стрелец од редовите на Атлетико Мадрид, Колумбиецот Радамел Фалкао е најдобар реализатор во однос на поминатото време на терен со гол на секои 60 минути. Најефикасниот стрелец во Македонија, вардарецот Јован Костовски не заостанува многу споредено со стрелците од најдобрите лиги во Европа со гол на секои 88 минути.
Колумбиецот Џерардо Бедоја е познат како еден од најгрубите фудбалери на планетата. Тој го заработи и 41-от црвен картон во својата кариера за удирање со лакт на противникот, но тоа како да не му беше доволно. За својата постапка тој доби суспензија од 15 натпревари и ќе плати казна од 5.000 долари.
Во рамките на шестото коло од Премиер лигата оваа сабота ќе се сретнат екипите на Арсенал и Челси на натпревар кој според цените на влезниците ќе ја понесе титулата за „најскап фудбалски натпревар".
Германскиот шампион ја претстави својата најнова СФ машина за тренинг. „Фудбонаут" има 64 мети во околина од 360 степени и е омилена играчка на младинците и на повредените фудбалери во процес на рехабилитација.
Модриќ, Едуардо, Чорлука, Шимиќ, Балабан, Манџукиќ, Олиќ... тоа се „деца" на Мамиќ. Динамо Загреб живее од вакви таленти на кои заработува милиони. Најновиот продукт на школото на Динамо загреб се вика Ален Халиловиќ.
Претседателот на фудбалскиот клуб Каљари, Масимо Челино ја презеде одговорноста за губењето на натпреварот против Рома со службени 0:3 и си се суспендираше.
Фудбалските аналитичари со години се обидуваат да ја откријат тајната за успешно изведување на пенали, а таа била толку проста. Германски научници тврдат дека тајната е во стисната тупаница на левата рака.
Екипата на Јувентус ја продолжи неверојатната серија од 44 натпревари без пораз, но по петтото коло тие веќе немаат максимален учинок во новата сезона откако одиграа без голови на гостувањето во Фиренца.