Фудбал

Најдобрите голови во 2012-та година

ФИФА ги објави своите кандидати за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, а неколку часа подоцна Златан Ибрахимовиќ го постигна неговиот спектакуларен гол кој не влезе во конкуренција. Затоа ЕСПН го објави својот избор во кој секако влегува и погодокот на Ибра.

Роналдо и мастиката

Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар спортист на Пиринеите, но имаше незгода кога на приемот кај шпанската кралица Софија тој се појави со мастика во уста.

Лоша тренерска логика

Тренерот на Килмарнок си направил своја математика и го вклучи фудбалерот Мануел Паскали во составот за натпреварот против Селтик и покрај тоа што тој е суспендиран.

Златната топка само за фудбалери на Реал и Барса

Ако сте фудбалер и ако сакате да ја освоите наградата за најдобар фудбалер на ФИФА, тогаш мора да следите едноставно правило кое вели дека дел од својата кариера мора да имате поминато во Реал Мадрид или Барселона.

Ова да се воведе

Кога веќе не ни оди со женскиот фудбал во Македонија, предлагаме како замена да се воведе оваа верзија. Сигурно ќе бидеме поуспешни, а натпреварите ќе имаат и огромна посета.

Голчиште на стартот од СКП

Светското клупско првенство само што започна и веднаш на стартот видовме прекрасен гол. Екипата на Хирошима го победи Оукленд со 1:0, а стрелец на победничкиот гол беше Тошихиро Аојама.

По трагите на една епска фотографија

Ги препознавате ли овие ликови кои некогаш беа главни богови на фудбалските терени во Југославија?

Стартува новата ера на модерниот фудбал

Со натпреварот помеѓу јапонскиот Хирошима и Оукленд од Нов Зеланд, денес стартува Светското клупско фудбалско првенство, прво официјално натпреварување на кое ќе се применат новите технологии на гол-линијата.

Отпуштен цел тим заради хомофобија

Шведскиот нисколигаш Сорскогенс реши да ги отпушти сите играчи од првиот тим затоа што ги навредувале играчите од спротивниот клуб чиј тим е составен само од претставници на ЛГБТ заедницата.

Јуве го елиминираше шампионот Челси

Челси за џабе го растури Нордсјеланд затоа што Јувентус не загуби кај Шахтјор и го елиминираше актуелниот шампион. Пласман во следната фаза изборија и екипите на Селтик и Галатасарај.

Колку пари вреди еден гол

Земајќи ги во предвид сумите платени за трансферите на 293 напаѓачи во последните 10 години и парите потрошени на нивните плати, Англичаните пресметаа дека еден гол во просек чини 350.000 фунти.

Уште три празни места за вториот круг од ЛШ

13 екипи веќе обезбедија пласман во следната фаза од Лигата на шампиони, а за последните 3 места битка ќе се води во групите Е (Јувентус или Челси), Г (Бенфика или Селтик) и Х (Галатасарај или Клуж).

Дедо Мраз го подели Ливерпул

8.000 Дедо Мразовци ја истрчаа трката на 5 километри низ улиците на Ливерпул чија цел беше собирање пари за хуманитарни цели. Но тврдокорните навивачи на Евертон не сакаа да се облечат во боите на нивниот градски ривал, па трчаа во сино.

Норвешко дриблање

Големата надеж на норвешкиот фудбал, косоварот роден во Белгија, Зимер Битики го покажа својот раскошен талент на натпреварот помеѓу репрезентациите на Норвешка и Фарски Острови за фудбалери до 17 години.

Нема европска пролет за Манчестер Сити

Актуелниот шампион на Англија и еден од најбогатите клубови во Европа не ја преживеа зимата и е елиминиран од сите континентални натпреварувања. На денешните натпревари пласман во Лига Европа изборија Ајакс и Зенит.

Коларов го уби празничното расположение

Празниците се ближат, а со тоа се буди и новогодишното расположение, но доколку сакате да ве држи тоа расположение, во никој случај не ја гледајте видео честитката од Коларов.

Јаневски го објави списокот за мечот со Полска

Селекторот на македонскиот национален тим, Чедомир Јаневски го објави списокот на комбинираната репрезентација која ќе одигра пријателски натпревар со Полска на 14 декември во Анталија. На списокот се наоѓаат фудбалери од домашното првенство и двајца интернационалци.

Калкулации пред последното коло од ЛШ

По одигрувањето на 5-то коло од Лигата на шампиони, 13 екипи обезбедија пласман во следната фаза, а за последните 3 места ќе се борат уште 6 екипи. Ова се математиките пред последните натпревари во групите А, Б, Ц и Д.

15.000 навивачи го испратија Коринтијанс

Фудбалските клубови во Македонија не можат да привлечат ни 1.500 гледачи на стадион, а во Бразил одат по 15.000 навивачи да го испратат својот омилен клуб на аеродром.

Уште еден блеф на манипулаторот Мурињо

Денешната информацијата дека Мурињо ќе го напушти Реал Мадрид беше топ вест во сите медиуми. Неколку часа подоцна Мурињо ја демантираше оваа вест која најверојатно самиот ја пласираше во јавност и сите во Реал Мадрид тоа го знаат.

Потег на неделата

Меси, Роналдо, Ибрахимовиќ... можат вода да му носат на Дарен Гибсон од Евертон за неговиот потег против Манчестер Сити.

Барселона ќе те откаже од цигари

Фудбалскиот клуб Барселона ги здружи силите со Европската Комисија и ќе се обиде да им помогне на навивачите да се откажат од пушење.

Не ме фаулирај, ќе те кажам на мајка ми

Еден фаул на јуниорското дерби помеѓу Рапид и Стеауа од Букурешт доби централно место во медиумите од Романија откако мајката на фаулираниот фудбалер се обиде да се пресмета со фудбалерот кој стартуваше над нејзиниот син.