Дејвид Бекам за прв пат се најде во стартниот состав за ПСЖ и тоа при победата со 2:0 на дербито од купот против Олимпик Марсеј. При еден погруб дуел со Ају, противничкиот фудбалер го собори Бекам на тревата, но тоа не му пречеше на Англичанецот. Проблем е што му се растури фризурата, па неговата реакција на целата ситуација беше како тој да се наоѓа на сред снимање реклама за шампон.
Се сеќавате ли на Илхан Мансиз, стрелецот на најважниот гол во историјата на турскиот фудбал? Прославениот фудбалер сега напорно вежба уметничко лизгање и е на добар пат да стане првиот спортист кој настапил на Светско фудбалско првенство и на Зимски Олимписки игри.
Борбата на ФИФА и УЕФА против расистичките појави на стадионите и натаму останува загубена битка за овие две фудбалски институции. Кон ова зло се чини најстрого постапуваат англиските клубови, како на пример второлигашит Милвол кој го казни навивачот Џерард Сканлон со доживотна забрана за одење на стадион.
Перси Звомја, дописник на Гардијан од Јужна Африка, кога бил мал сакал да стане фудбалер. Наместо тоа, станал свештеник. Но најголемата дилема кога требало да ја донесе одлуката му била - дали има фудбал во рајот?
Лондонскиот тим кој минатата година ја освои првата титула во Лигата на шампионите, поради банални причини го смени постерот пред стадионот „Стемфорд Бриџ" каде се наоѓаше италијанскиот стратег Роберто Ди Матео.
Не би сакале да шутнете високо и топката да искочи надвор од овој терен. Швајцарското село Гшпон го има највисокото фудбалско игралиште во Европа. До него се стигнува само со жичара, а на натпревари се губат и до 10 топки.
Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Ксерез, Ернесто Галан го прогласуваме за офсајд лик на неделата. Неговата екипа цели 30 минути играше со играч повеќе против Сабадел и на крајот загуби со гол во 95-та минута и тоа со автогол на несреќниот Галан кој си го лобуваше голманот со шкорпион удар.
Напаѓачот на Милан кој како бодибилдер го прослави голот против Германија на полуфиналниот меч на ЕУРО 2012, одлучи позата да ја искористи за статуа, која ќе биде изработена во природна големина, а тој ќе си ја чува во новиот дом во Бреша.
Најновиот трансфер на Интер до толку ги изненади сите што дури и на самиот фудбалер не му се верува дека ќе потпише за нив. Џон Карју прекина снимање на филм за да потпише за италијанскиот клуб.
Го измести, го прати по бурек, му ги скрши зглобовите... како сакате речете го, ама Анхел Ди Мариа го имаше потегот на вечерта и тоа против капитенот на Барселона, кој на крајот од овој дуел остана со шпага.
Барселона како фаворит го пречека Реал Мадрид со 1:1 по првиот натпревар, но мадриѓаните успеаа со триумф од 1:3 во 223-то „Ел Класико“ да се пласираат во финалето на Купот на кралот.
По написите на најпознатиот француски магазин „Франс фудбал" кој излезе со сериозни обвинувања дека Катар поткупила членови во Извршниот комитет на ФИФА, за да стане земја домаќин на Мундијалот во 2022, се огласи генералниот секретар на Светската куќа на фудбалот.
Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува за тајландскиот клуб Муангтонг постигна гол од пенал во манир на голем стрелец. Првото коло од азиската Лига на шампионите помеѓу Муангтонг и Јеонбук заврши 2:2, а Ѓуровски го постигна првиот израмнувачки погодок.
И покрај 37 годишната возраст во која ги брои последните мигови од славната фудбалска кариера, Дејвид Бекам се уште има огромно влијание во маркетинг секторот преку кој успева да го привлече светскиот аудиториум, но и на компаниите да им донесе милионски профити.
Димитар Бербатов е познат по неговиот фудбалски талент, но има и некои други вештини во кои е добар надвор од теренот. Бугарскиот интернационалец црта карикатури на познати фаци и ги објавува на својата Фејсбук страна.
Исто како и на фудбалските натпревари во Македонија и на стадионите во Сингапур има троцифрен број на навивачи, но таму на фудбалерите им смачило да играат пред празни стадиони, па почнале да одат од врата на врата и да ги канат гледачите да дојдат на натпревар.
Напаѓачот на Галатасарај, Дидие Дрогба при воздушен дуел на натпреварот против Ордуспор, нокаутираше противнички фудбалер кој во полусвесна состојба беше итно одведен со амбулантно возило. По завршувањето на натпреварот, првото нешто што Дрогба го стори беше посетата на нокаутираниот ривал во болница.
Головите од далечина со кои ги решава натпреварите во финишот, како да му станаа навика на Герет Бејл. Синоќа тој повторно постигна два погодоци, а вториот беше во самата завршница со што му ја донесе победата од 2:3 на својот Тотенхем на гостувањето кај Вест Хем.
Екипата на Галатасарај засилена со Дрогба и Снајдер беше огромен фаворит против Ордуспор, но веќе на полувремето губеше со 0:2. Гостите поведоа во 15-та минута со автоголот во кој главните улоги ги имаа голманот Муслера и Селчук Инан. Во второто полувреме Галатасарај направи целосен пресврт со голчиштето на Снајдер, два погодоци на Јилмаз и еден на стрелецот на автоголот.
Претседателот на Палермо продолжува во ист стил со политиката на менување на тренери. По вчерашното отпуштање на Алберто Малезани кој издржа само три кола на Сицилија, Ѕампарини повторно го врати Џан Пјеро Гасперини кој беше избркан пред три недели.
Претседателот на Сион, Кристијан Константин донесе необична одлука по вчерашниот пораз на неговиот тим од 4:0 од екипата на Тун. Раководството на швајцарскиот прволигаш одлучи тренерската функција да му ја додели на Гатузо кој оваа сезона дојде од Милан.
Иако славниот ветеран беше само 14 минути на теренот и учествуваше во акцијата при постигнувањето на голот на Ибрахимовиќ, французите си направија шоу од неговиот деби настап.
Германската компанија „Каирос" ја доби концесијата од Светската куќа на фудбалот за користење на новата гол технологија, која за прв ќе биде испробана на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.