Во текот на изминатата сезона во Премиер лигата „financialfairplay" направи табела на која се споредуваат платите на англиските клубови и она што го добиваат во поени на табелата. Анализата и по крајот на првенството повторно покажува дека големите влогови не се секогаш показател за успех.
Фудбалерите на Васлуи при негатива од 1:0 на гостувањето против Динамо Букурешт во последните мигови од средбата требаше да бранат пенал без голман. Чуварот на мрежата доби црвен картон, а трите дозволени измени веќе ги искористија.
Италијанскиот напаѓач кој пет години настапуваше за Виљареал, малку го подзаборавивме откако во минатиот зимски трансфер период повреден ја засили Фиорентина. Во пресрет на новата сезона во Серија А, „Виолетовите“ го имаат Марио Гомез, но и 26 годишниот Роси кој вака се подготвува летово.
Горан Пандев го постигна првиот гол во новата сезона. Македонскиот интернационалец беше стрелец на првиот гол за Наполи во победата од 3:0 над новиот второлигаш Капри.
Татко му е од Филипините, мајка му од Јамајка, тој е роден во Канада, настапува за холандската репрезентација, игра во англиската Премиер лига, но како позајмен играч за велшкиот клуб Свонси, а има договор со шпански Виљареал.
На Дејвид Мојс не му оди на подготвителните натпревари во Азија каде на четири средби има само еден триумф. На натпреварот против Осака од Јапонија, фудбалерите на Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2, а моментот на мечот му припадна на 18 годишниот Такуми Минамино.
Навивачите на фудбалскиот клуб Сараево го избркаа од тимот напаѓачот Ален Мелуновиќ кој промаши пенал по што неговиот тим беше елиминиран од Лига Европа од страна на албанскиот Кукеси.
Екипата која пред осум години беше во друштво на Падова, Римини и Авелино, денеска е една од најпопуларните на трансфер пазарот каде тргува со моќните ПСЖ, Реал Мадрид и Ливерпул. За сето тоа е заслужен човекот кој со мудра политика го одведе Наполи и до Лигата на шампионите.
Одлична видео анализа на филозофијата и тактиката на Гвардиола и формацијата 4-1-4-1 на Баерн Минхен при победата од 2:0 на пријателскиот натпревар против Барселона.
Поканата да се биде дел од академијата на ФК Барселона, познатата Ла Масиа, е сон за секое фудбалерче, но има и такви кои ги одбиваат Каталонците како што тоа го направи 12-годишното дете за кое се верува дека ќе биде наследник на Меси.
Првиот шут со топка на официјален напревар се случил во колевката на фудбалот, Англија во далечната 1860 година, а честа до денес да ја сочуваат традицијата ја имаат Шефилд и Халам кои овој викенд ќе ја одиграат меѓусебната 153-та дерби пресметка.
По Хулк и Фалкао, екипата на Порто може да биде пресреќна што има повторно јужноамериканец од светска класа. 26 годишниот Џексон Мартинез минатата година постигна 34 гола на 39 меча во сите натпреварувања, а денеска медиумите пишуваат дека претседателот на Наполи по доаѓањето на Игуаин веќе размислува и на него.
Најпознатиот бугарски фудбалски клуб кој се соочува со големи финансиски проблеми поради кои мораше да го откаже учеството во Лигата на Европа ќе ги крати платите на сите членови во екипата за да се спаси од кризата.
Хуан Фереира од екипата на Олимпија во 83-та минута од финалето на Копа Либертадорес имаше шанси да израмни, но се сопна, по што Атлетико Минеиро го завери триумфот со уште еден гол. Трагичарот цел живот нема да спие мирно, а ситуацијата дополнително му ја влошија интернет троловите.
Финансиска „награда", односно таканаречен падобран за полесно поднесување на испаѓањето во понизок ранг добиваат и клубовите од Серија А, а и покрај тоа што сумите кај нив се далеку помали од оние во Англија, тие многу подобро знаат да ги искористат овие средства.
Екипата на Барселона доминираше во последните неколку години на европската сцена, освои три шампионски круни во Лигата на шампионите од ерата на Роналдињо па се до денес, а за нивните рекорди се изнапишувавме. Сега работите почнаа полека да се менуваат.
Сандро Силва од екипата на Васко де Гама на натпреварот против Флуминенсе изведе мајсторски дриблинг, односно „го прати по бурек" противничкиот фудбалер.
Дејвид Мојс е познат по своите застарени методи и напорни тренинзи, а фитнес експертите сега го обвинија дека тој е виновен за повредата на Робин ван Перси заради неговите методи од времето на Џурасик Парк.
Бразилскиот фудбалски клуб Атлетико Минеиро предводен од Роналдињо на пенали го совладаа парагвајскиот клуб Олимпија и за прв пат во историјата го освоија Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лига на шампиони).
Сезоната се уште не е започната, а се изнагледавме убави голови. Клемен Грание од екипата на Лион на пријателскиот натпревар против Реал Мадрид кој заврши со резултатот 2:2, постигна прекрасен погодок без воопшто и да гледа кон голот.
Ќе се прости ли великанот Барселона од Камп Ноу? Финансискиот директор Хавиер Фаус најавува дека на крајот од оваа година клубот на референдум ќе одлучува дали да гради нов стадион за Каталонскиот клуб или да ја продолжи долгогодишната традиција.
Амбасадата на Казахстан во Норвешка одби двајца фудбалери за виза во пресрет на второто квалификациско коло од Лигата на Европа во кое екипата на Ход му гостува на Актобе.