Фаус открива дека на крајот од 2013 година ќе биде позната иднината околу новиот стадион на еден од најголемите клубови во светот, а во игра се три проекти од кои ќе треба да одлучат што ќе биде најисплатливо.
„Трите опции за кои размислуваме се дали да изградиме нов стадион на местото на веќе постоечкиот, дали да го оставиме Камп Ноу и до него да изградиме нов или пак да градиме на нова локација", изјави финансискиот дикректор на клубот.
Камп Ноу е домот на Барселона од 1957 година и е најголем стадион во Европа со неполни 100.000 седишта, а со оглед на големите успеси и спомени кои се поврзани со Каталонскиот тим на овој стадиот, голема е веројатноста да има бурни реакции од страна на навивачите.