Фудбал

„Не се тепајте, јас сакам да играм“

Алехандро Родригез Масиас има само 5 години, а веќе стана херој на интернет и тоа преку една фотографија на која ги брани вистинските вредности на грасрут фудбалот.

Пол Мекартни да го купи Евертон

По заминувањето на Дејвид Мојс кој за 11 години престој во Евертон одлично го водеше клубот и не дозволувше да падне во долниот дел од табелата, сега навивачите имаат и други маки. Евертон е на продажба, а тие бараат нов газда да биде поранешната ѕвезда на Битлси.

Нејмар е како „златна кокошка“

Многу спортисти заработуваат поголеми суми, имаат повеќе спонзори, продаваат повеќе дресови и брендирана опрема и се поголеми ѕвезди, но магазинот СпортсПро и Еуроспорт втора година по ред го прогласуваат Бразилецот Нејмар за маркетиншки најисплатлив спортист.

Бенфика ја доби првата битка со Челси

Четворица големи навивачи на двата финалисти од Лигата на Европа и двајца од најдобрите светски фудбалери во изведување акробации, одржаа интересна трка низ Амстердам како најава за утрешното финале. Португалците се покажаа како побрзи.

Реал и Атлетико ќе го играат најскапото финале

Реал Мадрид и градскиот ривал Атлетико во петок ќе се сретнат во финалето на Купот на Кралот кое ќе биде целосно распродадено и покрај тоа што е најскапо финале во историјата.

Ким Јонг Ун презеде норвешки прволигаш

Фудбалскиот клуб Хонефош презеде драстични мерки по разочарувачкиот старт на сезоната во норвешкото првенство. На чело на клубот застана севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун.

Манчини доби отказ за годишнина

На 13 мај 2012-та година, Роберто Манчини ја освои титулата од Премиер лигата со Манчестер Сити, но откако пехарот се пресели кај ривалите од соседството, на 13 мај 2013-та година шеиците му дадоа шут-карта на италијанскиот стратег.

Минути на младиот Мекманаман

Не му е ниту помал брат, ниту син на поранешното брзо крило на Реал Мадрид и Ливерпул, Стив Мекманаман, туку се далечни роднини. Но според игрите на финалниот меч од ФА Купот помеѓу Манчестер Сити и Виган, изгледа дека ова 22 годишно момче е иднината на англискиот фудбал.

Пожртвуваноста на Видиќ

Некои фудбалери во ваква ситуација не би поставиле ни нога, а Видиќ тука интервенира со глава. Ете зошто Немања Видиќ важи за еден од најдобрите дефанзивци на светот и е капитен на четата на Алекс Фергусон.

Како аматерите од Виган си испишаа историја

Барака, 100 милиони фунти и ФА Куп. Тука лежи приказната за тимот кој од аматерски лиги стигна до освојување на најстарото фудбалско престижно натпреварување ФА Купот, во кое го совладаа богатиот Манчестер Сити и "го избркаа" Роберто Манчини.

23 години од натпреварот кој ја разгори Југославија

На 13 мај во 1990-та година требаше да се одигра натпреварот помеѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда. Инцидентите кои се случија на овој натпреварот го означија почетокот на распадот на Југославија.

Навивачите на Бешикташ најгласни на светот

Се уште неофицијално и непотврдено од Гинисовата книга на рекорди, но навивачите на Бешикташ тврдат дека на последниот натпревар на стариот Инону стадион го срушиле претходниот светски рекорд на гласните навивачи на Галатасарај.

Жими мајка нема да мрднеш

Партнерот во нападот на Наполи на нашиот Пандев, Единсон Кавани нема лесно да си замине од Неапол. Најдобриот стрелец оваа сезона во Серија А со 28 гола, навивачите го сместија во кафез и му оставија малку храна и вода. 

Коентрао како непоканет гостин на клупата на Реал

Мурињо реши да одмори неколку фудбалери пред финалето од шпанскиот куп, а еден од оние кои воопшто не беше во комбинација за натпреварот против Еспањол беше и Фабио Коентрао. Но Португалецот се збуни и се појави на клупата за резервни фудбалери.

Офсајд лик на неделата: Марк ван Бомел

Кога ќе се спомене Марк ван Бомел, веднаш помислувате на груба игра. Холанѓанецот се потруди така да остане и запаметен откако заработи црвен картон на последниот натпревар од неговата кариера.

Продолжува лудилото во Чемпионшипот

Минатата недела пишавме дека англиската втора лига (Чемпионшип) е најлудата лига оваа сезона, а овој викенд тоа ни го потврдија и екипите на Вотфорд и Лестер. Гостинските фудбалери промашија пенал во 97-та, а домаќините се пласираа во финалето на плејофот со гол во 98-та минута.

Лужњики ќе го менува својот изглед

Вчерашниот меч од руското првенство помеѓу Спартак Москва и Крулиа Советов беше последниот фудбалски натпревар кој се одигра на големиот и познат стадион во Москва. За потребите на Светското фудбалско првенство во 2018 година домаќините решија да го реновираат Лужњики.

Фергусон кога Манчестер ќе прими гол

Освен по успесите, легендата Алекс Фергусон ќе остане запаметен по неговото константно проверување на часовникот, како и џвакањето на мастика. Еве една таква негова препознатлива ситуација.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имале тешка задача за да ги изберат десетте најубави погодоци од изминатите седум денови, а како шлаг на тортата на крајот доаѓа мајсторијата на легендата Анри.

Пензионирањето на Ферги стигна до 5000 фунти

Навивачите на Вест Бромвич Албион очигледно дека го загубија осетот со парите. Вчерашните цени за последниот натпревар на Фергсуон од 3000 фунти веќе не важат, затоа што во препродажба, денеска се појавија нови суми кои не се забележани на црниот пазар ниту за едно финале од Лига на шампиони.

Шалке го трола Дортмунд со билборди на камион

Челниците на Шалке беа пресреќни по обновувањето на договорот со нивниот фудбалер Јулијан Дракслер па се пофалија со билборди на камиони кои кружеа околу стадионот на најголемиот ривал.

Скапо платен гол

Напаѓачот на Омија и голманот на Хирошима, скапо ја платија својата пожртвуваност на натпревар од јапонската лига. Двајцата итно беа префрлени во болница и за среќа поминале „само" со полесен потрес на мозокот.

Дриблинг од Америка до Бразил

Ричард Свонсон, вљубеник во трчањето, фудбалот и крајбрежјето на Тихиот океан, започна со една необична авантура. Со топка ќе си трчка нешто повеќе од една година за да стигне на време на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Израелски третолигаш стана хит во светскиот фудбал

Кога беше оформен Хапоел Катамон Ерусалим, многумина предвидуваа дека ќе постои само неколку месеци и никој не помисли дека за анти-расистичкиот третолигаш од Израел кој постои само 6 години и е во целосна сопственост на навивачите, денес ќе пишуваат сите светски медиуми.