Норвешкиот клуб Ход е приморан да патува на гостувањето во Казахстан без своите најдобри фудбалери Аким Латифу и Сиверт Нилсе на кои се уште не се знае дали случајно или намерно не им издадени визи за реванш мечот од второто квалификациско коло од Лигата на Европа.
Екипата на Ход има предност од првата средба од 1:0, а според нивниот тренер Ларс Арне Нилсен кој е татко на еден од двајцата фудбалери кои ќе останат во Норвешка, не постоеле причини за да бидат одбиени.
„Мислам дека е жално што не можеме да одиме на гостување без нашите двајца најдобри играчи. Не знам многу за ова што се случи и затоа малку и ќе зборувам. Најпрвин да ја слушнеме нивната страна, а потоа ќе се произнесеме со наш став. Ова е многу чудно затоа што не добивме никакво објаснување од амбасада каде знаат дека ќе одиме на фудбалски натпревар", изјави Нилсен.
Големо жалење за овој скандал за норвешките медиуми изрази и голманот Андреас Ли кој рече дека во реваншот сега ќе треба да настапат ослабени.
„Разни мисли ни се вртат во главите, но мораме да бидеме внимателни и не треба премногу да дебатираме на оваа тема пред да отпатуваме, затоа што најважно е да се вратиме дома живи", изјави голманот на Ход.
Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот.