Секоја доминација има крај, а истото се однесува и на тимот кој беше незапирлив против сите можни противници кои ќе им се паднеа. Не ја отпишуваме Барселона само поради еден податок и не велиме дека ќе престане да победува, но заминувањето на нивниот довчерашен тренер може многу работи да промени.
Баерн Минхен со вкупен резултат од 7:0 го елиминираше Каталонскиот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите изминатава сезона, а по тој срамен двобој за шпанскиот тим кој беше немоќен да постигне барем еден голм вчерашната пријателска средба беше прва помеѓу овие две екипи.
Натпреварот немаше никакво значење и беше дел од подготвителните дуели ова лето, но Пеп Гвардиола го искористи тој момент да го сруши рекордот на неговата поранешна екипа со која беше претпознатлив на сите дуели.
Барселона на чело со Гвардиола не дозволуваше цели 5 години никој да оствари подобар посед на топката од нив и со голема процентуалност беше доминантна, но ова важеше се до вчера кога шпанскиот стратег на клупата на актуелниот европски шампион оствари 53% од поседот.
В предвид ќе го земеме и тоа што Барса со исклучок на Меси, во составот ги имаше резервните играчи, но како и да е тие ја прекинаа 5 годишната доминација со поседот на топката која последен пат против нив ја имаше Реал Мадрид кој трумфираше со 4:1 на „Сантијаго Бернабе" во мај 2008 година.