Долгото лето за фудбалските ѕвезди од островот е одлична можност за пат околу светот и одржување на турнеја во далечните дестинации како Хонг Конг, Бангкок, Куала Лумпур и уште ред други места претежно во азиските земји. Целта е да ја одржуваат формата и истовремено да го шират својот бренд.