Демири против Кубан, Марковски домаќин на Трабзонспорт

Откако минатата сезона пишувавме за осуммина наши претставници во Лигата на Европа, од вечерва тоа ќе го правиме само за двајца, Мухамед Демири кој со тимот на Сент Гален е домаќин на руската екипа Кубан Краснодар и Бојан Марковски со Аполон Лимасол го пречекува тимот на Трабзонспорт.

При извлекувањето на ждрепката за групите во второто по ранг клупско европско натпреварување имавме четворица македонски фудбалери, а добивме и "македонски дуел" помеѓу Агим Ибраими и Александар Трајковски кои со своите екипи се паднаа во иста група. Но и двајцата наши репрезентативци веднаш потоа ги сменија клупските бои.

Ибраими од Марибор му се придружи на Горан Пандев во Серија А и настапува за тимот на Каљари, а младиот напаѓач Трајковски кој ни ја донесе квалификациската победа против Велс остана во белгиската лига и од Зулте отиде на позајмица во тимот на Мехелен.

Освен Пандев и Георгиевски кои со Наполи и Стеауа настапуваат на меѓународната клупска сцена, во Лигата на Европа ги имаме играчот од средниот ред Мухамед Демири кој има 19 настапи за македонската репрезентација и дефанзивецот Бојан Марковски.

Во првото коло нашите претставници за противници ги добија најлесните екипи во своите групи. Демири со Сент Гален во А групата го пречекува руски Кубан, а Марковски со Аполон е домаќин на Трабзонспорт.

Група А
Сент Гален – Кубан, Валенсија – Свонси

Група Б
Динамо Загреб – Черноморец, ПСВ – Лудогорец

Група Ц
Салзбург – Елфсборг, Стандарт – Есбјерг

Група Д
Марибор – Рубин Казан, Зулте – Виган

Група Е
Фиорентина – Пакос Фереира, Пандурии – Днипро

Група Ф
Ајнтрахт Франкфурт – Борди, Макаби Тел Авив – Апоел Никозија

Група Г
Динамо Киев –Генк, Тун – Рапид Виена

Група Х
Есторил – Севиља, Фрајбург – Либерец

Група И
Бетис – Лион, Виторија Гимараеш – Ријека

Група Ј
Аполон Лимасол – Трабзонспорт, Лацио – Легија Варшава

Група К
Шериф – Анжи, Тотенхем – Тромсо

Група Л
Макаби Хаифа – Аз Алкмар, Паок – Шахтер Караганда

19 септември 2013 - 16:20