Фудбал

Мора да е печатна грешка

Бразилците ја растурија Шпанија и ја прекинаа нивната доминација, тука нема дилема. Но еден бразилски весник веројатно завршил на уредување кај навивачите.

Блатер ќе ги смирува протестите во Бразил со евтини билети

Додека Бразилците беснеат по улиците, првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер прави сублимат од двонеделниот фудбалски турнир, а истовремено се обидува да ги привлече повеќе да мислат на фудбалот нудејќи им најевтини влезници за Мундијалот.

Го издрибла, па му фати сеир

Фудбалерот на Сан Хозе, Марвин Чавез на натпреварот против ЛА Галакси во американската МЛС лига, не само што го седна на земја противничкиот фудбалер Де Ла Гарза, туку и подзастана за да му се изнасмее.

Македонските клубови во лов на европските милиони

Започнува европската одисеја на македонските фудбалски клубови, односно натпреварувањата од каде што тие можат да извадат цели буџети, но најчесто завршуваат со минималната сумa од солидарниот фонд на УЕФА.

Најлошото од нападот на „Олд Трафорд“

Стариот лисец Фергусон ретко грешеше во проценките со талентите кои ги носеше во својот тим, но понекогаш и најдобрите знаат да погрешат. Тие што впрочем беа и најголеми промашувања во нападот на „Црвените Ѓаволи" веднаш си го загубија статусот во тимот.

Јужна Африка се врати во игра за мундијалот

Домаќинот на Светското фудбалско првенство во 2010 година неочекувано се врати во живот и има уште шанса за пласман на Мундијалот во Бразил благодарение на глупата грешка на Етиопија.

12 жртви на фудбалски меч во Ирак

Најновите напади во Ирак однесоа жртви и во спортот каде за време на фудбалски натпревар загинале 12 луѓе.

Демонстрантите се инфилтрираа и на Мараканa

Додека во околината на Маракана се одржуваа големи протести, а на теренот се подготвуваа за финалето на Купот на конфедерациите, двајца демонстранти успеаа да се провлечат на теренот како дел од кореографијата со транспарент „Итно откажување на приватизацијата на Маракана".

И роботи заиграа фудбал

Луѓето неодамна смислија нов начин како да одиграат една партија фудбал, но сега тоа задоволство им го пропуштија и на роботите кои одржаа Светско првенство во Ајндховен.

Како Роман Абрамович го промени фудбалот

На 1 јули во 2003-та година од никаде се појави еден тивок Русин со желба да купи фудбалски клуб. Десет години подоцна, не само што тој стана еден од најуспешните газди, Роман Абрамович го смени фудбалот во Англија и Европа.

„Окото соколово“ му помогна на Астори

Дефанзивецот на Каљари, Давиде Астори кој само ја допре топката на гол линијата за водство на Италија против Уругвај се радуваше како мало дете за својот деби репрезентативен гол, а за тоа е заслужна и новата видео технологија. 

Куп на слободните удари

Најдобрата репрезентација во историјата го победи моментално најдобриот национален тим (според ФИФА листата) во финалето на Купот на конфедерациите, натпреварување кое ќе остане запаметено по убавиот фудбал и прекрасните голови постигнати од слободни удари.

Ножички од лежечка позиција

Французинот Хасун Камара од екипата на Монтреал на натпревар од МЛС лигата против Колорадо ја искористи грешката на голманот, си ја намести топката со жонглирање и постигна гол со ножички и тоа додека беше на земја.

Нејмар ја доби златната топка

Бразил испиша историја триумфирајќи по четврти пат на Купот на конфедерациите и воопшто не е изненадување фактот што членовите на оваа репрезентација котираат високо на листите на фудбалери кои ги добија признанијата од овој турнир.

Светскиот шампион на колена пред домаќините

По освојувањето на двете европски првенства и Мундијалот, Бразил со голем триумф од 3:0 во финалето од Купот на Конфедерации ја прекина доминацијата на „Црвената Фурија“. Фред со два и Нејмар со еден гол беа творци на успехот кои ја “запалија“ Маракана.

Фудбалерите ќе спречуваат местенки

Во борбата со наместени натпревари, зло кое го уништува фудбалот од сега ќе можат да учествуваат и самите актери на теренот. Здружението на професионални фудбалери ФИФПро ќе понуди апликација за мобилни телефони каде со еден клик играчите ќе може да алармираат доколку забалежале нешто сомнително.

Игуаин тргна полека накај Лондон

Деновиве се хит монтажите со познати спортисти. Де Брито ја совлада Марија Шарапова, но за да ја надмине и во стенкање мораа да го сторат ова, додека на Давид Луиз му направија уште поприродна фризура.

И УЕФА сака зимско Светско првенство

Генералниот секретар на УЕФА, Џани Инфантино ја даде својата поддршка за плановите за поместување на Светското првенство кое ќе се одржи во Катар во 2022-та година и одигрување на истото во текот на зимскиот период од годината.

Најголемите промашувања во историјата на НБА драфтот

Прерано е да судиме каков ќе биде првиот Канаѓанец кој е избран за прв пик на драфтот во НБА лигата од оваа земја. Спортската јавност е изненадена од изборот, но ние ќе му посакаме среќа во друштво со најдобрите и се надеваме дека нема да се најде во иднина во некој ваков текст.

Миротворецот кој седна на „Кралската“ клупа

Искусен, трофеен и многу сталожен стратег кој повеќе мисли на тактиката отколку на медиумите. Флорентино Перез се реши за име со богата играчка и тренерка кариера, кој со смирен пристап ќе го контролира егото на ѕвездите на Реал и ќе се обиде да ја донесе "десетката" во Лигата на шампионите.

Фудбалски моменти

Ричард Свабрик е авторот на ова генијално дело со наслов „Фудбалски моменти, анимација на фантазиста". Фантазиста (или фантазер, што би рекол Панчев) е симбол за креативност, имагинација и иновативност, а честа да бидат дел од оваа анимација ја имаат Кројф, Ибрахимовиќ, Ван Бастен, Гаскоњ, Игита, Пеле, Марадона, Зидан и Баџо.

Пензионерите играат во Италија и Англија

Италијанската Серија А и англиската Премиер лига се најстари лиги според просечната возраст на фудбалерите со по околу 27 години. Македонската прва лига е малку над просекот со возраст од 25,2 години.

Петта жртва во Бразил додека ФИФА бира шампањ

И додека луѓето во Бразил се искочени на улица и протестираат за огромните трошоци на владата за организација на Светското првенство при што досега загинаа 5 демонстранти, ФИФА воопшто не се потресе и го избра официјалниот шампањ на Мундијалот.