Најинтересните факти поврзани со дуелот Наполи – Борусија Дортмунд на кој се очекува Горан Пандев да биде во стартниот состав:
-Во првата пресметка помеѓу овие две екипи новиот тренер на Наполи, Рафа Банитез ќе се обиде да ја надмине малерозната низа на италијанците кои немаат победа на последните 7 дуели против германските екипи.
-Борусија Дортмунд исто така не може да се пофали дека му оди добро против екипи од Апенините. Тие немаа победа на последните 8 дуели, а последниот пораз им е од Удинезе во 2008/2009.
-Последниот триумф на Наполитанците против тим од Германија е од особено значење, а тоа е оној против Штутгарт од 2:1 од времето на Марадона кога го освоија единствениот пехар во Купот на УЕФА во 1989 година.
-Најблескавиот момент за „Милионерите" при триумф над италијанска екипа се случи во 1997 година кога го поразија Јувентус на финалниот меч од Лигата на шампионите со 3:1.
-За Наполи ова е второ учество во Лигата на шампионите. На минатото пред две сезони дебитираше со 3 победи и едно реми на домашен терен и стигна во осминафиналето.
-Минатата сезона беше најуспешна за германскиот состав кој до финалето стигна со само еден пораз на полуфиналниот реванш од Реал Мадрид со 2:0.
-Наполитанците немаат пораз на Сан Паоло во домашното првенство во 2013 година. Последен пат се поразени на 12 декември минатата година од Болоња, а од тогаш пред својата публика имаат 10 победи и две нерешени.
-Германците ја стартуваа сезоната во Бундес лигата со максимален учинок од четири победи, а последен пат тоа го сторија во 2001/2002 кога ја освоија титулата во првенството.
-Рафа Бенитез нема пораз со претходните екипи во првото коло од Лигата на шампионите. Победнички старт одбележа со Челси, Ливерпул и Валенсија, додека со Интер ремизираше.
Групата Ф од Лигата на шампиони содржи големи клубови со богата историја и е една од потешките групи оваа сезона. Минатогодишниот финалист Борусија им посака добредојде во Дортмунд на своите противници.
ГРУПА Е
Челси – Базел, Шалке – Стеауа Букурешт
Група Ф
Олимпик Марсеј – Арсенал, Наполи – Борусија Дортмунд
ГРУПА Г
Атлетико Мадрид – Зенит, Австрија Виена – Порто
ГРУПА Х
Милан – Селтик, Барселона - Ајакс