Кака се повреди и се откажа од платата

Повратникот во екипата на Милан кој ги мина најблескавите мигови од својата кариера во овој клуб малерозно ја започна втората авантура со „Росоњерите" со повреда уште на деби мечот.

Кака првиот меч за Милан го одигра овој викенд против Торино кој заврши 2:2 и веднаш се здоби со повреда која ќе го оддалечи од терените повеќе од еден месец.

Навивачите на Милан му приредија голем пречек уште кога пристигна на аеродромот во Милано, а тој им се обрати преку официјалниот ТВ канал на Милан со надеж дека ќе се врати најбрзо што може за да му помогне на клубот.

Кака рече дека од Милан му е потребна само поддршка и љубов, но не и пари и дека во периодот додека закрепнува не сака да ја прима платата.

16 септември 2013 - 14:27