Босанскиот Србин кој настапува за Германија, Марко Марин пристигна во Челси минатата година но таму настапи само шест пати па беше позајмен во Севиља.
24-годишниот фудбалер имаше одличен старт во Шпанија постигнувајќи неколку голови во подготовките, како и два погодоци во Лига Европа, по што навивачите веднаш пројавија желба да го задржат во својот тим и смислија одличен начин за тоа да им успее.
Тие започнаа кампања со која ќе му бараат локална девојка во која тој би се заљубил по што ќе поска да остане. Наводно тоа успеало со Иван Ракитиќ за кого имало интерес од многу тимови, но тој останал во Севиља заради неговата нова љубов, а од оваа сезона стана и капитен на тимот.