Барселона фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Во пресрет на новата сезона во најелитното клупско европско натпреварување „Bsports" направи анализа со фаворитите за шампионската титула. Бранителот на титулата годинава предводен од Пеп Гвардиола е на втората позиција според шансите.

Веб порталот „Bsports" врз база на своите податоци од сите натпреварите во Лигата на шампионите во последните 10 години, како и од сите екипи од домашните првенства кои се учесници на ова натпреварување ги претстави шансите на екипите за освојување на првото место во групната фаза, пласманот во следниот круг и освојувањето на пехарот.

Најголемите шанси за титулата одат за Каталонскиот тим со 21,3%, потоа следи актуелниот европски првак Баерн со 18,9%, а трет е Реал Мадрид со 16,9%. Шанси за радост во Лисабон 2014 потоа имаат три англиски екипи. Челси со 8,9%, Манчестер Сити (7,2%) и Манчестер Јунајтед (6,4%).

Како победници во групите шансите за дел од екипите изгледаат вака. „Црвените ѓаволи" со Дејвид Мојс се фаворити во А групата со шанси од 84,8% дека ќе одат во следната фаза, а со 60,90% дека ќе се пласираат како први во групата.

Во групата Ф која е група на смртта најголеми фаворити за пласман помеѓу најдобрите 16 имаат Арсенал (62,6%) и Борусија Дортмунд (60,9%). Шансите за Наполи се 40,70%, а за Олимпик Марсеј 35,80%.

Во интересната група Д каде ќе гледаме дуел помаѓу Баерн Минхен и Манчестер Сити и двете екипи се апсолутни фаворити за пласман во следниот круг, но Баварците со 63,40% имаат речиси двојно поголеми шанси од Граѓаните (33,70%)

Во останатите групи фаворити за првото место се Реал Мадрид, ПСЖ, Челси и Атлетико Мадрид. Комплетната анализа со сите табели можете да ја видите тука, а ова се шансите за освојување на титулата според земји. 

16 септември 2013 - 19:52