Екипата на Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната мораше да се збогува од нивната легенда Сер Алекс Фергусон кој стана директор, но затоа може да се пофали дека во периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година остварил рекорден приход од 363 милиони фунти или поточно раст од 13,4 проценти.
Гигантот на европскиот и светски фудбал за едногодишната работа има профит од 146 милиони фунти, а уште еден одличен податок за нив е што спонзорскиот договор им е повисок за 44% или вкупно 90 милиони фунти.
„Ја освоивме 20-та титула минатата сезона и среќни сме што го имаме Дејвид Мојс кој ја започна новата ера во клубот. Горди сме на постигнатите резултати и од работата која ја завршивме надвор од терените и се надеваме дека така ќе биде и оваа сезона", вели потпретседателот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд.
Со овој позитивен биланс клубот од „Олд Трафорд" си ги намали долговите од 11% и сега изнесуваат 389 милиони фунти, а причина за радост имаат и фудбалерите на кои им пораснаа платите за 11,6%.