Фудбал

Статива, Курто, автогол

Ваков автогол сигурно не сте виделе до сега. Голманот на Рода, Филип Курто успеа да си ја затресе сопствената мрежа со удар со глава и тоа откако топката удри во статива.

Швајцарско кинење на мрежа

Валантин Штокер од екипата на Базел на натпреварот против Сион постигна прекрасно голчиште со проектил од околу 20 метри.

Австралија си ги бара парите од ФИФА

Почнува да се компликува ситуацијата околу „самоубиствениот" план на ФИФА за кој што веќе предупредивме. Фудбалската федерација на Австралија ќе бара компензација од ФИФА за неуспешната кандидатура ако Светското првенство во 2022. година биде преместено за во зима.

Голови на неделата

Редовниот преглед со најдобрите десет голови од измините седум денови, а помеѓу нив се и мајсториите на Паулињо, Руни и Роналдо.

Пандев ја реши Џенова

Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев на најдобар можен начин му докажа на тренерот Бенитез дека неговото место е во првиот тим на Наполи. Струмичанецот беше стрелец на двата погодоци при победата на гостувањето кај Џенова.

Чеде ја замени Македонија со Монс

Актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија уште пред завршувањето на неговиот договор со ФФМ е назначен за нов тренер на белгискиот прволигаш Монс.

Кој е индонезискиот тајкун кој е на чекор до Интер?

Екипата на Интер која на минатогодишните подготовки на агендата имаше индонезиска турнеја и каде беше пречекана од многу навивачи, не поминала незабележана од 43 годишниот милијардер Ерик Тохир кој е на повидок да стане првиот сопственик од Азија на италијански клуб.

Најдоброто од Нејмар

Нејмар да Силва Сантос Жуниор веќе долго време не импресионира со неговите потези во дресот на Сантос, а сега и во Барса. Ако нешто сте пропуштиле, ова се најдобрите, но и не толку славните моменти од неговата кариера во гиф формат.

Турбо ескалатор против хулигани

Шведската полиција по дербито помеѓу АИК и Јургарден го реши проблемот со навивачите на многу едноставен начен без употреба на многу пендреци и солзавец.

УЕФА казнува за фонт на знаме и сомнителни тетоважи

До каде ќе оди лудоста на УЕФА и нивното „покажување на заби" на клубовите од истокот? Полскиот клуб Легија Варшава заработи казна заради сомнителен фонт на една буква од транспарент, како и нацистички тетоважи на навивачите.

Најдобрите пет состави со играчи кои облекоа нови дресови

Летниот период за трансфери изобилуваше со многу промени особено во напаѓачките линии во клубовите од најсилните национални првенста. Погледнете како би изгледале составите на овие лиги со фудбалери кои ги сменија клупските бои.

Римското дерби во Индонезија

Навивачката страст не познава граници. Доказ за тоа се индонезиските фанатици за фудбал кои жестоко ги бодрат своите омилени клубови од најсилните европски првенства. Ви ги претставуваме оние на Рома и Лацио кои заедно го следеа последното дерби исто како да се на стадионот „Олимпико" во Рим.

Мурињо од Елче

Ако го гледавте натпреварот помеѓу Елче и Реал Мадрид, можеби се збунивте кога камерите го покажаа Мурињо. Тоа беше Фран Ескриба, тренерот на домаќините кого го нарекуваат „Мурињо од Елче". Ова е само една од работите кои ги поврзуваат Елче и Реал Мадрид.

Фулам се откажа од Мајкл Џексон

Фудбалските клубови градат статуи од своите легенди пред стадионите, а Фулам го имаше Мајкл Џексон кој според поранешниот сопственик Мохамед Ал-Фаед, бил голем навивач на клубот. Фулам неодамна доби нов сопственик кој се ослободи од најчудниот фудбалски споменик.

Шпанската полиција известена за судискиот грабеж во Елче

Откако Реал Мадрид победи со контроверзен пенал во 96-та минута на гостувањето кај Елче, шпанската полиција добила стотици пораки за судиски грабеж.

Денот на Мурен

Сигурно никогаш до сега не сте слушнале за фудбалерот на холандскиот второлигаш Волендам - Роберт Мурен, а можеби никогаш повторно нема ни да слушнете, но тој синоќа беше главен актер на една од најдобрите спортски приказни оваа сезона.

60.000 “луди“ Наполитанци на мечот против Сасуоло

Навивачите на Наполи се пример како треба да се бодри клубот. По заминувањето на Лавеци, а потоа и Кавани меѓу нив нема разочарани лица, а не е битно ниту името на вечерашниот противникот кој иако лани беше второлигаш ќе се судри против тимот на Пандев пред преполни трибини.

Динамо Загреб ќе тужи 300 навивачи

Раководството на хрватскиот клуб кој сезонава е дел од Лигата на Европа најави тужба за навивачите поради кои УЕФА му изрече две казни на Динамо.

Најдобрата рутина за слободен удар

Фудбалерите на германскиот четвртолигаш Рот-Вајс Есен изведоа слободен удар со генијалната тактиката „збуни го непријателот".

100 години од раѓањето на најдобриот стрелец во историјата

Најдобар стрелец во историјата на фудбалот не е Ромарио, ниту Пеле или Пушкаш, туку Пепи. На денешен ден е роден Јозеф „Пепи" Бицан, стрелец на повеќе од 800 голови на официјални натпревари.

„Тики така“ на една друга Барселона

Во главна улога не се Чави, Меси и Иниеста, ама играта е идентична со онаа од „Камп Ноу“. Се работи за Барселона Спортинг Клуб од првата лига во Еквадор. Фантастично изведено.

Мурињо плачел за клупата на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Челси, Жозе Мурињо потајно сонувал за фотељата на Манчестер Јунајтед и бил до толку разочаран што Алекс Фергусон му дал предност на Дејвид Мојс, што дури пуштил и солзи.

Вертонген го соблече Хелениус

На почетокот на второто полувреме од натпреварот на кој Тотенхем ја победи Астон Вила со 4:0, Јан Вертонген во жарот на играта му ги соблече шорцевите на Никлас Хелениус.