Квалитетот на фудбалот во Бундес лигата е неспорно дека оди во нагорна линија, а резултатите кои го постигнаа како оној со пласманот на две екипи во финалето од Лигата на шампионите е само најава за она што следува. Директорот на лигата Кристијан Сајферт објаснува дека успехот се постигнува само со строги правила од кои нема бегање.
„Нашата тајна за успех е едноставна, имаме многу регулативи кои клубовите ги следат. Постојат седум закони кои придонесоа за подвиг во Бундес лигата. Некои се лесни за изведување, како на пример стадионите со строги норми, задолжителни младински школи за 36 клубови и водење на паметна економија. Останатите се помалку познати, но мора да се почитуваат", вели Сајферт.
Тој објаснува дека важен дел за стадионите се воведувањето на камерите и во тој поглед имаат огромна почит како тоа е решено во Премиер лигата.
„Заштитата на навивачите за нас е многу важна. Имаме само еден ноќен натпревар, оној во петок, а останатите ни се напладне и попладне. И покрај тоа што ни е во интерес поради азискиот пазар да имаме фудбал и претпладне, тоа за сега не го воведуваме. Нашите навивачи на гостинските натпревари имаат право на 10% од билетите, но не смеат да патуваат на гостување пред утрото на денот на одигрувањето на мечот", вели директорот на Бундес лигата.
Развојот на младинскиот фудбал го започнаа со вртење на нова страница на која се решија по бедните резултати на ЕУРО 2000 кое го завршија без ниту една победа. 44 годишниот Сајферт кој е истовремено и потпретседател на Германската фудбалска федерација вели дека Бундес лигата размислува да воведе задолжително ангажирање на 12 најталентирани младински фудбалери кои би биле иднината на националниот тим, а би почнале во селекцијата за играчи до 16 години.
„Процесот на нашите реформи веќе ви е познат и ни започна по Европското пред 13 години. Работиме најмногу во младинскиот сектор каде годишно се трошат по 100 милиони евра колку што чини Бејл. Работиме исто така и на едукација на тренерите, но тоа не ни беше толку итно", изјавува Сајферт.
Резултатите на овие реформи им донеа многу значителни резултати кои ги докажуваат со бројки. Бундес лигата скокна од 44,3 на 79,7 бодови на ранг листата на УЕФА. Просечниот број на бодови на екипите во однос на оние од најсилните пет лиги се искачи од 0,92 на 1,55, а со тоа Серија А го загуби четвртото место во првенството преку кое се играат квалификации за Лигата на шампионите.
"Преку овие податоци го објаснуваме и успехот на Баерн и Борусија кои играа во ланското финале од ЛШ. Во Бундес лигата во последните 10 години паѓаат во просек во 2,86 голови, повеќе од Лигата на шампионите која е втора со 2,68. Ѕвездите кон нашето првенство гледаат како поле за престиж, но и економска сигурност. Финансиските резултати од месец март покажуваат дека 14 од вкупно 18 прволигаши оствариле профит минатата година". објаснува 44 годишниот функционер.
Бундес лигата вели дека не е досадна затоа што во изминатата деценија пет различни екипи станале шампиони на Германија, а со ангажирањето на Пеп Гвардиола во германското првенство смета дека успеале да ја изненадат светската спортска јавност.