Дури петмина играчи на фудбалскиот клуб Вермиљо од пониските лиги во Италија ја добиле најстрогата казна од судијата кој поради вреѓање одлучил предвреме да им го покаже патот кон соблекувалната.
Но италијанскиот арбитар црвените картони не ги покажал во текот на целиот меч, туку еден по друг во само еден прекин со образложение дека фудбалерите го пцуеле. Со тоа тој практично ја оставил екипата со помалку фудбалери од дозволеното и мечот морал да биде прекинат, а бодовите впишани кај противничкиот тим.
Од оштетениот клуб бурно реагирале и тврдат дека се работи за апсолутен светски, но и скандалозен рекорд. Според нив во приговорот на играчите немало никакво пцуење, а тоа го тврдат со сведоци од клупата за резервни играчи, како и со публиката која не чула такво нешто.