Додека ФИФА се занимава со проблемите околу организацијата на Мундијалот во Катар 2022 година, Светскиот синдикат на фудбалерит не седи со скрстени раце и повторно се обидува да изнуди промени на идниот фудбалски континентален собир.
ФИФПро овој пат не само што апелираше, туку презеде крупни чекори и докажа дека челниците на Светската куќа на фудбалот треба посериозно да се позанимаваат со големите пречки со кои ќе се соочат 32-те земји учеснички на Мундијалот во Бразил.
Изминатово лето тие организаираа натпревари во четири градови во Бразил во истите термини кои се закажани за Светското првенство и ангажираа специјално медицинско лице кои на сите 80 фудбалери им даде капсула-термометар.
По 25 минути игра сите натпревари биле прекинувани, а резултатите биле многу јасни. Температурата на нивните тела изнесувала над 38.9 степени, исто колку и на луѓето кои собираат шеќерна трска на временски услови нездрави за човечкото тело.
Заклучокот на докторот бил дека пеколното време ќе им прави проблеми на фудбалерите во опоравувањето од натпревар во натпревар, кои на вакви турнири играат во збиен календар, а тоа може да биде и опасно по нивното здравје.
Најголем проблем би претставувале натпреварите кои се играат од 13 часот, па затоа се очекува брза реакција од Сеп Платер во пресрет на извлекувањето на групите кое е закажано за следниот петок.